Голем број жени, но и мажи cтpaдаат од воспаление на вените и проширени вени кои најчесто последица од предолго стоење на нозе поради работните услови, но и поради слаба циркулација која се јавува како сè почест проблем кај луѓето од денешницата.




Бршленот е самоника билка која уште од најстари времиња се користела како лек. Од листовите на бршленот се приготвува облога која ја поттикнува циркулацијата и ги лекува воспалените вени.




Расте на места со ладовина, бара многу влага, а не му пречи студ, па останува зелен цела година. Поради тоа е омилен и како декоративна билка, особено во зимската сезона. Со бршленот се пополнуваат сите празни и неугодни површини, како суви стебла или лоши фасади на стари куќи.




Покрај убавиот изглед, бршленот има и значајни лековити својства. Во античка Грција, Хипократ користел бршлен за превенција на тpyење, намалување отоци и како анестетик. Денес се користи во терапијата на респираторните состојби како астма, бронхитис, хронични опструктивни болести на белите дробови, потоа, воспаленија и артритис.




Бршленот покажува антивоспалително, антиоксидативно, антивирусно, спазмолитичко, антимикробно и антитуморско дејство. Сапонините и флавоноидите се главните активни компоненти на оваа билка и најчесто биле предмет на научни истражувања.




Сапонините ја олеснуваат ресорпцијата од цревата и се борат против бактерии. Флавоноидите ги отстрануваат токсините од организмот, ги зајакнуваат ѕидовите на к рвните садови, ја ублажуваат алергијата, ја модулираат ензимската активност во организмот.




Препаратите приготвени од бршлен помагаат за опуштање на дишните патишта и ја намалува кашлицата, што е особено важно за луѓето со алергии, астма, бронхитис и хронични опструктивни болести на белите дробови. Антивоспалителниот ефект на листовите од бршлен може да помогне кај алергиите така што го блокира хистаминот, кој се ослободува како одговор на алергените.




Бршленот се вбројува во топ 10 билки кои имаат способност за прочистување на воздухот, според НАСА. Бршленот ги отстранува отpoвите како што се бензен, формалдехид, ксилен и толуен, за кои е познато дека можат да предизвикаат таканаречен „синдром на болна зграда“, односно состојба во која луѓето се разболуваат затоа што поминуваат време во одредена зграда или просторија.




Едно научно истражување открило дека бршленот може да го намали бројот на честици на фекални материи и мувла. Истражувачите откриле дека количината на фекални материи опаѓа за повеќе од 94%, а на мувлата за 78,5%, во рок од 12 часа. Овие истражувања, меѓутоа, се спроведени во мал и ограничен простор, така што во домаќинството бршленот веројатно не е толку ефикасен колку вистински прочистувач на воздухот.




РЕЦЕПТ ЗА ОБЛОГА ОД БРШЛЕН – ЛЕК ЗА ПОПУШТЕНИ ВЕНИ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една полна рака свежи листови од зелен бршлен и еден литар ладна вода. Постапка: листовите од бршлен ставете ги во тенџере, прелијте ги со еден литар ладна вода, па ставете ги на оган.




Откако ќе зоврие варете уште една минута, па тргнете го садот на страна и оставете поклопено да отстои 15 минути. Потоа процедете. Во добиената течност натопете газа, нанесете на зафатеното место, фикасирајте со компресивен завој и оставете да делува неколку часови. Повторувајте според потребите до посакуваните резултати.

лист од бршлен
подготовка на облога од бршленов лист