Некои од водечките светски експерти сметаат дека бананата е првото овошје кое никнало на нашата планета, а Ден Кепел, автор на истоимената книга „Банана –  Судбината на овошјето што го смени светот“, смета дека бананата – а не јаболкото – било забранетото овошје што Ева му го понудила на Адам.

Денес бананите се одгледуваат во најмалку 107 земји, тие се четврти растенија во светот што се користат за храна (по пченицата, оризот и пченката), а статистичките податоци покажуваат дека во Америка се јаде повеќе банани отколку јаболка и портокали заедно.

Овие плодови се исклучително богати со хранливи материи. Една банана со средна големина (околу 125 грама) содржи 110 калории, 30 грама јагленихидрати и 1 грам протеини, додека овие плодови немаат масти, холестерол и не содржат натриум. Тие исто така содржат голем број витамини и минерали.

Во однос на здравствените придобивки, научно е утврдено дека кон-сумирањето банани го намалува ризикот од развој на астма и рак, како и дека го намалуваат кр-вниот притисок и го подобруваат здравјето на срцето.

Причини зошто треба да јадете банани:

Астма. Резултатите од студијата спроведена од колеџ во Лондон покажала дека дневната потрошувачка на банани го намалува ризикот од развој на астма кај децата за дури 34%.

Рак. Редовното внесување на хранливите материи што може да се најдат во бананите, во првите две години од животот, ја намалува веројатноста за развој на леукемија. Имено, тие содржат витамин Ц, кој е познат бо-рец против слободните радикали кои предизвикуваат рак. Исто така, благодарение на растителните влакна, бананите спречуваат развој на колоректален карцином.

Срце. Растителни влакна, калиум, витамин Ц и витамин Б6 имаат корисен ефект врз работата и здравјето на срцето, што ја намалува веројатноста за мозочен у дар и губење на мускулната маса, а бананите исто така помогаат во одржување на кос-кената густина и намалување на формирањето камења во бубрезите.

Дијабетес. Бројни студии покажаа дека пациентите со дијабетес тип 1 кои кон-сумираат храна богата со растителни влакна имаат ниско ниво на гликоза во кр-вта, поради што експертите препорачуваат редовно кон-сумирање банани.

Деп-ресија. Според неодамнешните истражувања, бананите можат да се користат како лек. Ова се должи на протеинот триптофан, кој го претвора телото во серотонин, попознат како хормон на среќата и задоволството.

Анемија. Бананите се богати со железо и влијаат на производството на хемоглобин во кр-вта.

Кр-вен притисок. Ова јужно овошје е одлично бидејќи содржи многу калиум, што е важно за регулирање на кр-вниот притисок. Ако го кон-сумирате редовно, ги намалувате шансите за мозочен у дар.

Мозокот. Бананите влијаат на работата на мозокот, а една студија покажа дека студентите кои јаделе една банана наутро имаат подобра концентрација во текот на денот.

Запек. Богати се со растителни влакна и помагаат брзо да го надминете проблемот со запек, без употреба на лаксативи.

Утринска мачнина. Ако го јадете ова вкусно овошје, ќе ги намалите утринските мач-нини.

Каснување од комарец. За да го смирите отокот од каснување од комарец, истриј-те ја внатрешната кора од бананата на иритирано место.

Нерви. Бананите се богати со витамин Б, кој го смирува нервниот систем. Ако работите с тресна работа, јадете го ова овошје за ужина.

Црева. Поради својот мек состав, бананата се користи и како диетална храна против цревни заболувања.

Ја регулира температурата. Во споредба со јаболката, бананите содржат четирипати повеќе протеини, двојно повеќе јагленихидрати, трипати повеќе фосфор, петпати повеќе витамин А и железо.

Зелени банани

Зелените банани содржат растителни влакна кои не се варат во тенкото црево, но таму полека се апсорбираат, сè додека бактериите во дебелото црево не ги ферментираат, што му обезбедува енергија на организмот.

Според експертите, скробот што може да се најде во бананите не го зголемува нивото на шеќер во кр-вта, што го олеснува заситувањето на организмот, што не е случај со другите јаглехидрати.

Покрај тоа, незрелите банани се препорачуваат како одличен сојузник во сла-беењето затоа што стимулираат сла-беење, благодарение на зголемената секреција на глукагон, хормон кој го забрзува метаболизмот.

Исто така, оваа вкусна овошка го намалува ризикот од карцином на дебело црево, затоа што промовираат развој на здрави бактерии во него. Зелената банана содржи околу 12,5 грама отпорен скроб, за разлика од зрелите, жолти банани, кои содржат околу 4,7 грама, а експертите советуваат дека треба да се кон-сумираат 20 грама од овој скроб дневно.

I Рецепт: Чај од банана – природен лек за несоница

Научниците потврдуваат дека овој пијалак лечи артритис, мигрена, улцер, бактерии. Пијалакот се подготвува одвечер и се пие топол за подобрување на квалитетот на сонот.

Потребни состојки: 1 зрела банана, 1-1,5 лажичка цимет, 2-2,5 литри вода.

Подготовка: Излупете една бананата. Оставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ја бананата и циметот во водата. Намалете ја температурата, па варете околу 10 минути. Потоа процедете и испијте го пијалакот додека е сè уште топол.

II Рецепт: Напиток од 2 состојки за срце, стомачни тегоби и холестерол

Постапка: 1 грст бадеми се оставаат преку ноќ во вода. Бадемите е потребно да отстојат преку ноќ во вода, а следното утро ја користиме и водата во која отстојале за подготовка на рецептот.

Следното утро бадемите се ставаат во блендер и се сечка една банана со средна големина на прстени и се додава во блендерот. Потребно е овие 2 состојки да се изблендираат, а напитокот да се испие веднаш.

Колку се помалку зрели бананите, толку повеќе влакна содржат и посоодветни се доколку сакате да се храните здраво, препорачуваат експертите. Сепак, треба да бидете и умерени кога кон-сумирате банани.

Имено, бета блокаторите, класа лекови кои се користат за различни индикации, најчесто се препишуваат за срцеви заболувања, тие можат да предизвикаат зголемување на нивото на калиум во кр-вта, поради што бананите треба да се кон-сумираат умерено ако ги земате овие лекови.

Исто така, премногу калиум може да им наш-тети на оние чии бубрези не функционираат правилно т.е. тие не ослободуваат соодветно калиум во кр-вта и како резултат на тоа, можат да имаат фа-та-лни последици. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска