Депресијата и зголемениот крвен притисок се најчесто болести на современиот живот. Сепак, потребно е толку малку за тие да се спречат.

Иако сите ние уште како деца, па се до пензија сме под голем стрес, тоа не значи дека треба да дозволиме таквата состојба до таа мера да не обзема, а притоа да го занемариме нашето здравје.

Само половина час седмично – престој во природа, а тоа се однесува и на градските паркови, доволно е за намалување на ризикот од висок крвен притисок и депресија, покажала австралиската студија.

-Кога секој би го посетувал паркот во својата урбана зона, барем половина час седмично, би имале за 7% помалку случаи на депресија и 9% помалку со висок крвен притисок – изјавила екологот Даниела Шенахан од Универзитетот во Квинсленд.

Шенахан и нејзиниот тим собрале и анализирале податоци од 1538 жители на Бризбејн кои одговориле на прашалникот за своите неделни навики за движење во природа и физички активности а потоа го процениле нивното ментално и физичко здравје.

Утврдиле дека луѓето кои редовно се движат во природа, барем половина час седмично, имаат помал процент на умерена или тешка депресија, анскиозност и стрес, а со самото тоа и помал ризик од појава на висок крвен притисок.

Утврдено е дека тие луѓе имаат подобра социјална кохезија, односно поголем волен момент за соработка со други во социјални ситуации.

Резултатите кои се објавени во списанието Scientific Reports, всушност не се ништо ново, бидејќи одамна се познати благодетите од престој во природа.