Овој рецепт за вкусни обланди се прави за 15 минути и излегуваат навистина добри. Во првите 10 минути ги изедовме и ми побараа уште. Покрај тоа навистина се здрави, па доколку не сакате да купувате чоколади, можете да си ги направите овие обланди.
Може да се прават и посни, но и мрсни. Ако ги правите посни користете посно чоколадо, а другите состојки сите се посни. Без јајца, брашно и масло, овие обланди се навистина чудо од рецепт. Браво за оној кој го осмислил рецептот.

И оние кои не се љубители на смокви ги сакаат овие обланди. Во комбинација со ореви и сируп од мед и лимон.
Потребни состојки:
1 лист обланда (преполовена),
200 г суви смокви (уште 100 г ако сакате да декорирате),
250 г ореви,
100 г шеќер,
околу 3 лажици мед,
200 мл вода,
2 парчиња лимон (по вкус),
100 г чоколадо и
1 лажица масло (по вкус).

Постапка: Во сад или помало тенџере ставете ја водата, шеќерот, 100 г мед. Малку промешајте и додајте 2 кришки лимон и ставете на рингла да зоврие. Во меѓувреме сомелете 250 г ореви и 200 г смокви.

Смоквите исто така можете да ги исечкате ситно или да ги сомелете заедно со оревите ако така ви е полесно. Преливот се готви само 3 минути после зовривањето на најсилен оган. Врелиот сируп се прелива врз сомелените ореви и смокви.

Целата смеса убаво се соединува. Пресечете го на половина листот обланда. Јас така правам бидејќи сакам филот да ми биде што подебел.
На првиот лист ставете ја целата смеса и добро измазнете. Одозгора покријте со другата половина од кората со крупната страна кон смесата свртена.

Добро затегнете и притиснете, па зачистете го филот од страните и добро измазнете го. Завиткајте ја обланадата во хартија за печење и одозгора ставете нешто тврдо, јас ставив кујнска даска за сечење.

Оставете обландата да се стегне околу 1 час, а по изминатото време направете ја глазурата (по желба) од растопено чоколадо помешано со малку масло. Глазурата се прелива врз обландата и се декорира по парчиња смокви по желба.

Откога чоколадото ќе се стегне може да послужите со сечење на штангли или ромбоиди.
Обландата е навистина многу вкусна особено за оние кои имаат проблем со цревата, ако знаете на што алудирам. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.





































