Home закуска Брза пита со рендан компир – ќе стане вашиот омилен специјалитет

Брза пита со рендан компир – ќе стане вашиот омилен специјалитет

Оваа пита е многу популарна во некои краишта и често се наоѓа на трпезите. Има повеќе варијанти за нејзино приготвување, а ние ќе ви претставиме две верзии, па вие одберете која повеќе ви одговара.

Исто така, во оригиналните рецепти се користи сиров рендан компир, но кој сака, може да користи и претходно сварен.

Потребни состојки:  1,5 кг компир, половина чаша од 200 мл пченкарно брашно (најситно мелено), половина чаша бело пченично брашно, половина чаша масло, 2 јајца, половина кесичка прашок за печиво, сол и мелен црн пипер по вкус

Постапка: компирот измијте го, излупете го и изрендајте го. Во посебен сад измешајте ги пчeнкарното и пченичното брашно, па додајте им го и прашокот за печиво.

Во садот со рендан компир додајте масло, сол и црн пипер, па добро измешајте.

Во ренданиот компир додајте две јајца, промешајте, и на крај додајте ја мешавината од брашно. Убаво изедначете ја смесата. Во тепсија со пречник од 34 см додајте една лажица масло и убаво намастете ја.

Тепсијата ставете ја во рерна и загрејте ја на 200 степени. Кога ќе забележите дека маслото е добро загреано, внимателно извадете ја тепсијата од рерна и во неа излејте ја смесата од компир.

Израмнете со лажицата и рамномерно распоредете ја смесата, па вратете во рерна да се пече околу 50 минути на 180 степени, сосека да добие златно жолта боја.

<

Со претходното загревање на тепсијата со масло, се постигнува нелеплив ефект, па на тој начин питата нема да се залепи за дното. Следниот рецепт што ќе го прочитате е испратен од Сараево:

Потребни состојки: 2 јајца, 1,5 шолја млеко, 2 шолји брашно, 3 лажици масло, сол по вкус, 4 компири со средна големина (550 г). За прелив: половина шолја млеко, 2 лажици путер.

За прилог: 1 шолја младо сирење, 1/2 шолја кисела павлака, сол и црн пипер по вкус. Величината на шолјата е 200 мл.

Постапка: изматете го тестото од јајца, млеко, брашно, масло и сол по вкус. Изедначете ја смесата која треба да биде нешто погуста од онаа за палачинки.

Компирот измијте го, излупете го, изрендајте го на крупно ренде, па посолете го и зачинете го по вкус.

Во тестото додајте го ренданиот компир, па промешајте така да добиете што покомпактна смеса. Тепсијата намастете ја и набрашнете ја исто како кога печете пандишпан, па во неа излејте ја смесата и израмнете.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Пригответе го преливот: загрејте го млекото заедно со путерот, па кога ќе запени, тргнете го садот од оган.

Готовата пита кога е печена извадете ја од рерна, исечете ја на коцки, прелијте ја со приготвениот прелив од млеко и путер, па вратете ја во топлата рерна уште неколку минути. Потоа извадете ја питата, покријте ја со крпа и оставете ја 10-тина минути.

Оваа пита исто така може да се приготвува и со месо, на пример со батаци, така што претходно потребно е малку да се обарат, да се наредат во тепсијата и потоа да се прелијат со ова тесто.