Лазања со тиквички и бешамел сос
Ова јадење е свежа и лесна алтернатива на класичната лазања, во која тиквичките ја заменуваат тестенината, создавајќи кремаста и вкусна комбинација со бешамел сос и сирења.
Совршено за летни денови или за оние кои сакаат поздрава верзија на омиленото италијанско јадење, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За лазањата:
1 кг тиквички
300 г моцарела
100 г пармезан
2 лажици маслиново масло
неколку листови босилек
сол по вкус
За бешамел сос:
50 г путер
3-4 лажици брашно
500-600 мл млеко
2 лажици пармезан
сол по вкус
мускатно оревче по вкус
НМД
Постапка:
1. Подготовка на тиквичките: Тиквичките измијте ги и исечете ги на тенки тркалца. Ставете ги во сад, посолете ги и додајте две лажици маслиново масло.
Промешајте добро за да се соединат зачините. Наредете ги тиквичките на плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 250 степени Целзиусови 10 минути, додека малку омекнат.
2. Подготовка на бешамел сос: Во тенџере на средна температура растопете го путерот. Додајте го брашното и мешајте 1-2 минути за да се запржи, внимавајќи да не загори.
Постепено, со постојано мешање, додавајте го млекото. Гответе додека сосот се згусне, околу 3-4 минути. На крајот додајте две лажици пармезан, сол и малку рендано мускатно оревче. Промешајте и тргнете од оган.
3. Составување на лазањата: Во огноотпорен сад на дното распоредете тенок слој бешамел сос. Врз него наредете слој од печените тиквички, потоа додајте уште еден слој бешамел сос, па насечкана моцарела и неколку листови свеж босилек.
Повторете го редењето додека ги потрошите сите состојки, завршувајќи со слој бешамел сос.
4. Завршна обработка: Одозгора рамномерно изрендајте го преостанатиот пармезан. Печете ја лазањата во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 30 минути, додека површината добие златнокафеава боја.
5. Сервирање: Откако ќе ја извадите од рерна, оставете ја лазањата да се излади 5-10 минути пред сечење за да се стегне. Послужете топла, по желба украсена со дополнителни листови босилек.
Ова јадење е идеално за семејни ручеци или вечери, а може да се комбинира со свежа салата или чаша бело вино.
Постапката погледнете ја во видеото:




































