Овие работи хотелите ги кријат од вас и по никоја цена не сакаат да дознаете за нив!

Сите од нас некогаш, во одреден дел од животот, мора да отседнеме во хотел. Тоа најчесто се случува за летување, зимовање или службени патувања кога мора да сме далеку од нашиот дом.

Кога ќе влезете во хотелот се’ е прекрасно: од енетриерот во претсобјето и љубезната рецепција, лифтот кој бесшумно се лизга и во кој можете да се огледате на сите четири страни, долгите ходници обложени со фин и навидум чист теписон, едноличните врати со убаво обликувани бројки на нив… и најпосле – вашата соба која сте ја резервирале.

Кога ќе влезете во хотелската соба, во зависност од ѕвездите на хотелот во кој отседнувате, ќе почувствувате за момент уредност, мир и едноставност, па во одреден момент дури може да си помислите дека “лесно човек се навикнува на удобности, па би можел вака да живее и до крајот на својот живот – во хотел.”

Но, настрана од уредната соба која на прв поглед е чисто совршенство, постојат некои работи што се случуваат во хотелите, за кои не се говори, кои се случуваат тајно и им се познати само на персоналот и за кои никако не би сакале да дознаете вие, нивните гости.

Пред да резервирате соба во хотел, подобро прочитајте го текстот и погледнете го видеото, за да ви бидат нештата појасни.

Од каде да започнеме? Од почетокот, секако.

Кога се јавувате да резервирате соба во некој хотел, тоа најчесто го правите преку агенција, бидејќи така е полесно и поедноставно. Но доколку сакате да заштедите пари, најдобро е да се информирате преку интернет сајтовите и сами да ја направите резервацијата. Ако тоа го направите рано наутро, не очекувајте попуст.

Ако резервацијата ја направите после 17-18 часот, најверојатно ќе добиете попуст или соба со подобар поглед и подобри удобности. Ако резервацијата ја правите доцна навечер, исто така најверојатно нема да добиете попуст, бидејќи ќе мислат дека сте очајни и неоходно и итно ви е потребна собата.

Кога ќе пристигнете во хотелот и влезете во својата соба, нормално е да очекувате чисти чаршави и уредно наместени кревети. Но, она што не го знаете е времето кога овие чаршави биле послани.

Ако собата била долго време празна, најверојатно врз постелата е наталожена невидлива прашина, можно е и вгнездување на инсекти, мирисот на омекнувачот е испарен, а доколку чаршавите не биле 100% суви, туку малку влажни како што е тоа обичај, па задушени со прекривката – најверојатно е да се размножени микроорганизми чии спори многу лесно навлегуваат во дишниот апарат и долгорочно предизвикуваат здравствени проблеми.

Затоа, секојпат кога резервирате соба во хотел, инсистирајте на свежо променета постелнина. За секој случај.

Она што никогаш нема да го дознаете е и следново: Ако станува збор за поголем хотел со поголем број на вработени, тогаш чести се и љубовните врски меѓу нив. Кога еден љубовен пар ќе заврши во врела прегратка, страсниот секс се одвива зад вратите на една од празните хотелски соби.

Кога се’ е завршено, тие не смејат да пријават промена на чаршави и постелнина, туку истите ги превтуваат и ги затегнуваат како сега да биле испеглани. Но, траги остануваат. Не можете никогаш да бидете апсолутно сигурни.

Исто така, не можете да бидете сигурни дека некој човек умрел во вашиот кревет пред да влезете вие токму во таа хотелска соба. Луѓето умираат и нормално е тоа да се случува насекаде, во домот, на работа, во парк на клупа, во автобус.. па зошто да не и во хотелска соба.

Но, персоналот за ова е добро истрениран, и целата работа со полицијата и останатите процедури завршуваат без притоа да дознаат гостите. Многу брзо и нечујно мртовецот се изнесува од хотелот преку задни врати и ходници, собата брзо се чисти и следниот гостин може слободно да ја закупи истата соба.

Не пијте од чашите кои се оставени во хотелската соба! Никако! Тие се можеби уште повалкани од ВЦ-шолјата. Собарките ги прскаат со разни хемикалии и ги бришат со истата крпа со која претходно ја бришеле бањата.

Исто така, не ги користите шишенцата за вода, бидејќи честопати се случува тие да се вешто маскирани од претходните гости: откако ќе ги испијат, ги полнат со вода од чешма, па дури има пријавено случаи и со урина!

Она што е исто така важно и треба да го знаете се: креветните бубачки, тафтабити или како што уште се нарекуваат – креветни стеници. Тие се честа појава по хотелите, па затоа, пред да резервирате соба во некој хотел, малку истражувајте за тој хотел и прочитајте дали има евентуални поплаки на таа тема.

За повеќе информации, секако погледнете го и ова видео:

Пишува за НМД: Стефан П.