Сите пушачи се свесни дека со секоја запалена цигара го зголемуваат ризикот за појава на рак на белите дробови, но многумина од нив, за среќа доживуваат длабока старост.

Како е тоа можно? Од друга страна, има и такви кои заболуваат по многу кусо време кое го поминале како пушачи, пишува Нешнл Џеографик.

Американските научници се заинтересирале зошто е тоа така, па спровеле истражување кое покажало дека во тоа голема улога игра генетиката.

Имено, тие веруваат дека пушачите кои живеат долго имаат специфични „гени за долговечност”, кои ја намалуваат веројатноста за развој на канцер за дури 11 отсто.

Исто така, благодарение на нив, клетките полесно и побрзо се обновуваат, а стареењето и ефектите од пушењето се успоруваат.

Бројките кои неодамна ги објави Светската здравствена организација покажуваат дека цигарите сепак убиваат околу половина од вкупниот број на луѓе кои пушат.

СЗО затоа потенцира дека цигарите се една од најголемите закани за здравјето на луѓето со која некогаш сме се соочиле и дека годишно од последици од пушењето умираат околу шест милиони луѓе.

Што е генетика, генетско тестирање и персонализирана медицина?

Генетско тестирање претставува вид на медицински тест којшто идентификува измени во нашите гени.

Персонализирана медицина претставува медицинска процедура којашто ги разделува пациентите во различни групи – со медицински одлуки, пракси и интервенции посебно скроени за секој пациент, во зависност од нивната генетска конституција и врз основа на тоа предвидениот ризик за развивање на некоја болест.

Резултатите од генетскиот тест во персонализираната медицина може да го потврди или исклучи присуството на генетско заболување, може да помогне во одредувањето на веројатноста за развивање на некоја болест (генетска предиспозиција) или за пренесување на генетска болест на новите поколенија.

Но да се има генетска предиспозиција не значи дека личноста дефинитивно ќе ја развие претпоставената болест.

Генетските тестови треба да бидат протолкувани во комбинација со конвенционални дијагностички тестови.