Брза пита со готови кори за ненајавени гости…Многу е вкусна и сочна…Најчесто ја приготвувам зошто многу е бојата, вкусна и брзо и лесно се прави. Од оваа количина излегуваат 2 ролати.
Потребни состојки:
8 кори за пита
200 г крем сирење (или некое било какво кремасто сирење кое може да се мачка)
200 г кисела павлака
200 г кашкавал кој убаво се растопува
2-3 лажици газирана вода
листови шунка или друг сувомеснат производ по желба и по потреба
Постапка:
Потребни се по 4 листови кора за еден ролат, а вкупно 8 за двата. Киселата павлака измешајте ја со сирењето.
Путерот растопете го па измешајте го со газираната вода. Со оваа смеса премачкајте го едниот лист, па врз него ставете втор лист, па и него исто убаво премачкајте го.
Потоа нанесете ¼ од сирењето, наредете листови шунка, па преку шунката ставете го третиот лист кора, премачкајте го со путерот, ставете го четвртиот лист кора, премачкајте го со растопениот путер, па ¼ сирење и изрендајте ½ кашкавал.
Потоа свиткајте внимателно во ролат. На истиот начин постапете и со вториот ролат. По желба можете да ставите кулен или некој друг сувомеснат производ.
Ролатите ставете ги во плех обложен со хартија за печење или намастен со масло. Одозгора премачкајте ги со малку сирење и изрендајте кашкавал. Печете на 200 степени и послужете топло со чаша јогурт или салата по желба.