Некои рецепти се добри, некои се одлични – а некои заслужуваат медал. Овој рецепт припаѓа токму таму.
Малкумина го знаат овој едноставен, но генијален начин на подготовка, а резултатот се неверојатно меки, воздушести и богато полнети кифлички кои остануваат свежи и следниот ден.
Совршени за семејна трпеза, гости или како идеја за домашна пекарска магија, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Нов хит-рецепт: Слатка погача со посебна техника

🧾 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За тестото:
• 250 мл топло млеко
• 3 лажици шеќер
• 1 прстофат сол
• 80 г растително масло
• 1 јајце
• 1 лажица сув квасец
• 500 г брашно
За полнење (по избор):
• чоколадо
• урда
• кондензирано млеко (карамелизирано / dulce de leche)
За посипување:
• 50 г брашно
• 2 лажици шеќер
• 2 лажици путер
• НМД
За премачкување:
• 1 жолчка
• 2 лажици млеко
Откријте го тајниот рецепт за меки полнети кифлички со чоколадо, урда или варено млеко. Совршено тесто, едноставна подготовка и резултат што заслужува медал.
👩🍳 НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
1. Во длабок сад сипете го топлото млеко, додајте шеќер и сол, па промешајте.
2. Додајте го растителното масло, јајцето и квасецот.
3. Брашното поделете го на два дела и постепено додавајте, мешајќи додека да добиете меко и еластично тесто.
4. Замесете меко тесто, премачкајте го со 1 лажичка масло, покријте и оставете го да нарасне на топло место додека да го зголеми волуменот, околу 1 час.
5. Тестото поделете го на топчиња од по околу 40 г – вкупно ќе добиете 19 топчиња.
6. Секое топче малку сплескајте го со дланките, наполенте со избраното полнење и затворете внимателно.
7. Наредете ги затворените топчиња во тепсија со пречник од 26 см.
8. Покријте и оставете ги да одморат уште 20 минути.
9. Во меѓувреме, со прсти измешајте ги брашното, шеќерот и путерот за да добиете ронливо посипување.
10. Кифличките премачкајте ги со мешавината од жолчка и млеко, па рамномерно посипете ги.
11. Печете во загреана рерна на 180°C, 35–40 минути, додека да добијат убава златна боја.
12. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































