Шпагети во крем сос од печурки за 15 минути
Овој брз и елегантен рецепт за шпагети во крем сос од печурки е совршен избор за брза вечера полна со вкус.
Нежните печурки се спојуваат со ароматичен лук, свежа лимонова кора и крем павлака, создавајќи хармоничен сос што совршено се обвиткува околу тестенините.
Подготвувањето трае само 15 минути, а резултатот е рафинирано јадење што ќе ги воодушеви сите за трпезата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
400 g шпагети
250 g печурки
1 кромид
2 крупни чешниња лук или 4 помали
1,5 лажичка сол
мелен црн пипер
кора од 1 лимон
магдонос
пармезан за посипување одозгора
маслиново масло
200 ml неутрална течна павлака
НМД

Постапка:
Во загреан сад со маслиново масло на умерена температура пропржете го ситно сечканиот кромид додека да застакли.
Потоа додајте ги ситно сечканите печурки и динстајте ги 10 минути. Додајте го ситно сечканиот лук и промешајте. По 1-2 минути сипете ја течната неутрална павлака, посолете и запиперете.
Динстајте на тивок оган до посакуваната густина, а пред крајот додајте ситно рендана кора од 1 лимон и ситно сечкан магдонос.
Посебно, во тенџере зовријте вода со малку сол, па ставете ги шпагетите и варете ги ал денте според упатството на пакувањето.
Процедете ги шпагетите и додајте ги во сосот од печурки. Промешајте за сосот рамномерно да се впие. По потреба додајте малку од водата во која се вареле шпагетите.
Сервирајте со рендан пармезан одзгора. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












