Пржени тиквички со белки – едноставен и вкусен рецепт
Овој рецепт за пржени тиквички е совршен спој на едноставност и неверојатен вкус.
Со само неколку состојки и минимална подготовка, ќе добиете крцкави и ароматични тиквички што ќе ги воодушеват сите на трпезата.
Идеален за лесен оброк или прилог, овој рецепт ќе стане ваш омилен, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2 тиквички
– 1 малку сол (за тиквичките)
– 2 белки од јајца
– 1 прстофат сол (за белките)
– 1/2 лажичка мелен црн пипер
– 1/2 лажичка црвен пипер
– 1 лажичка мешан зачин
– 3 лажици брашно
– 2 лажици лебни трошки
– 100 мл растително масло (за пржење)
– НМД
Постапка:
1. Тиквичките измијте ги и исечете ги на многу тенки кругови, најдобро со помош на мандолина-ренде. Посолете ги со прстофат сол, промешајте и оставете ги настрана 10-15 минути за да ја испуштат течноста.
2. Во меѓувреме, во чист сад одвојте ги белките од јајцата. Додајте прстофат сол и со миксер изматете ги во цврст снег.
3. Исцедете ги тиквичките со раце за да се отстрани вишокот течност и префрлете ги во чист сад. Зачинете ги, па посипете ги со брашно. Добро промешајте за да се распоредат зачините и брашното рамномерно.
4. Внимателно додадете ги изматените белки во смесата со тиквички и нежно измешајте за да се соединат. На крај додајте ги и лебните трошки.


5. Во тава на средна температура загрејте го растителното масло. Со лажица или кујнска клешта земајте од смесата и формирајте мали купчиња во тавата. Пржете ги од двете страни додека добијат златно-кафеава боја.
6. Готовите тиквички вадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
7. Послужете ги топли, како прилог или самостојно јадење, по желба со сос од јогурт или павлака.
Уживајте во овој едноставен, а неверојатно вкусен специјалитет! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/rqUQa4pUp-c?si=GbZ0KEd6eFPDZs1Y




































