По битолски се нарекува „Ѓурвалаци“, а по прилепски „Девет табани“…Пита за мерак, нема поубава…Оваа пита има ралични имиња, но најпозната е под името ДЕВЕТ ТАБАНИ.

Некои ја прават како едно цело парче и се нарекува „Пита – плик писмо“, а некои ја подготвуваат според истата постапка, но не во девет парчиња како што е интегрално, туку во четири или шест „табани“.

Девет табани – МилицаВасиле Цветкоски

Како и да е, запишете си го овој рецепт кој ќе ве врати во детството, бидејќи сигурно и вашите баби или мајки ја приготвувале оваа многу вкусна пита.

Најчесто се филува со сирење, но може да се употреби и мелено месо или нешто зелено. Нашата членка Милица Цветкоска ја приготви питата и ја објави во групата НМД рецепти. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

850 г – 1 кг брашно или по потреба,
500 мл газирана вода на собна температура,
1 коцка свеж квасец (40 г),
1 супена лажица шеќер,
1 супена лажица сол,
2-3 супени лажици масло,
околу 300 мл масло за премачкување на корите.

ЗА ФИЛ:

250 г ситно сирење/урда,
300 г тврдо сирење,
3 јајца

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

По битолски се нарекува „Ѓурвалаци“, а по прилепски „Девет табани“ – Нема поубава од оваа пита за мерак