Оригинален рецепт за ТРИЛЕЧЕ…Го барам цела година…Колач кој се топи во уста, нема повкусен…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
7 јајца,
100 г шеќер,
180 г брашно (12 лажици),
10 г прашок за печиво.
ЗА ПРЕЛИВ:
500 мл слатка павлака,
200 мл кондензирано млеко (брз рецепт ОВДЕ),
1 литар ладно млеко и
400 г готов карамел – прелив (или за домашен карамел: 200 г шеќер и 200 мл слатка павлака)
ПОСТАПКА (за плех 25х40 см):
1.Кондензирано млеко: во тенџере измешајте 50 г шеќер и 500 мл млеко. Доведете до вриење и гответе на умерена температура 20 минути со непрекинато мешање. Ќе добиете замена за кондензирано млеко – 200 мл.
2.Пенасто изматете ги белките во цврст снег (10 минути). Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот додека да станат кремасти (5 мин). Додајте ги во снегот од белки и соединете ги.
3.Додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво, промешајте и смесата излејте ја во намастен и обложен калап со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени 10 минути, па 30 минути на 150 степени.
4.Печениот бисквит оставете да се олади 10 минути. Извадете го од хартијата и повторно вратете го во калапот каде сте истуриле мешавина од слатка павлака и кондензирано млеко.
5.Избоцкајте го бисквитот и залијте го со ладно млеко. Оставете го 10 минути, па премачкјате го со карамел.
Оставете го најмалку 2 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.