БУРЕК ЗА 5 МИНУТИ: Додека го испиете чајот и питата ќе биде готова…Крцкава однадвор, а памук мека однатре…

Подгответе бурек кој е крцкав однадвор и како памук одвнатре, кој можете да го подготвите за само 5 минути и веднаш да го печете на шпорет.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

15 тенки кори за баклава
За прелив:
1 јајце
1 чаша млеко (200 мл)
1 филџан за кафе масло
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сол

Фил: сирење и магдонос (по желба)

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки за преливот изматете ги во подлабок сад.

2.Намастете ја тавата, ставете една кора да висо од рабовите и премачкјате ја со преливот.

3.Втортата кора растресено и гужвано ставете ја внатре, па посипете ја со сосот одозгора.

3.На ист начин ставете ја и третата кора, премачкјате, па нанесете фил.

4.Постапката на редење продолжете ја, а после секои две кори посипувајте фил.

5.Завршете со кора, премачкјате ја, превртете ги парчињата кора што висеа преку работ, сипете го одозгора преостанатиот прелив.

6.Ставете на рингла на умерена температура да се пече под капак, 5-10 минути.

7.Превртете со друга намастена чинија и печете го бурекот уште неколку минути и од другата страна додека убаво да зарумени (без капак).

Можете да го печете и во рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.