Рецептот за пилешки раженчиња со путер лук ве поканува на посебна гозба со вкус од кој ќе бидете воодушевени. Пилешкото месо одлично се надополнува со оваа маринада.

Подготвен со уникатната хармонија на путер и лук, овој пилешки ражен ќе остави незаборавен вкус на вашето непце со секој залак. Дефинитивно треба да го пробате овој рецепт! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г пилешки гpади
сол, црн пипер, мелен црвен пипер
лук во прав
ситно сечкан магдонос
2 – 3 лажици маслиново масло
2 – 3 лажици стопен путер
2 супени лажици сок од лимон

За премачкување:
магдонос
1 – 2 чешниња лук
30 г путер

ПОСТАПКА:

1.Пилешките гpади исечете ги на тенки парчиња. Ставете го во поголем сад, додајте ги другите состојки и измешајте.

2.Покријте го, ставете го во фрижидер и оставете го да одмори 30 минути за да се маринира. И дрвените раженчиња се чуваат во вода 30 минути за да не изгорат во рерната.

3.Маринираните мевциња боцкајте ги на две стапчиња како што е прикажано во видеото подолу. Вака приготвените раженчиња ставете ги во плех и печете ги во рерна загреана на 200 степени 20 – 25 минути.

4.Потоа превртете ги раженчињата и печете ги уште 10 минути.

5.За премачкување: магдоносот ситно исечкајте го. Измешајте го со 30 грама растопен путер и 1-2 чешниња мелен лук.

6.Извадете ги пилешките раженчиња од рерна во чинија за сервирање и премачкајте ги со приготвениот сос.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.