Подобро сигурно не сте пробале, фантастична идеја за појадок, сигурно ќе ви се допадне. Ако ви останале неколку палачинки, не пропуштајте да го испробате и овој рецепт за појадок или вечера, ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

5-6 палачинки (солени)

За фил:

250 г свежо сирење (крем сирење)
2-3 лажици неутрална течна павлака
2 јајца
1 зелена пиперка
1 прстофат куркума (на врв од нож)

За прелив:

150-200 г кашкавал
300 мл неутрална павлака за готвење

Постапка:

1.Испечете класични палачинки, но солени (т.е.неутрални, да не преовладува шеќерот). Рецепт за палачинки прочитајте ОВДЕ.

2.Сирењето измешајте го со течната павлака (неутрална, за тестенини) и јајца, па зачинете со малку сол.

3.Пиперката исечкајте ја на мали коцкички.

4.Палачинките премачкајте ги со приготвениот фил.

5.Свиткајте ги како ролнички и наредете ги во соодветен сад за печење. Сето одозгора наросете го со рендан кашкавал и прелијте го со течна павлака.

6.Ставете во загреана рерна на 200 степени и печете 40-45 минути, односно додека површината да добие убава румена боја. Печењето прилагодете го според вашиот шпорет.

7.Послужете како самостоен оброк за ручек или вечера или послужете со печено месо како прилог.