Испробајте го ова вкусно јадење според рецептот на Марија Елена. Таа вели дека нејзината баба од здравствени причини морала да оcлабе 10 килогpами, но не можела да дpжи никакви диети.
Многу често го јадела ова јадење кое ја заситувало и немала потреба од дополнителни грицки.
Меѓу другото внесувала многу овошје и зеленчук, вода и чаеви, природно цедени сокови, а одбегнувала благо, леб, мрсно и пржено, како и храна која содржи доста сол.
Ова јадење воопшто не не е тешко да се направи, а за подготовката ќе потрошите само 5 минути од своето време.
Многу е вкусно, нискокалоpично, вегетаријанско, па можат да го јадат и оние кои одбегнуваат месо, или пак, едноставно внимаваат на својата исхрана.
Станува збор за многу вкусни ќофтиња кои можете да ги пржите на многу малку масло, или пак да ги печете во рерна со употреба на уште помалку масло. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за ќофтиња: 3 тиквички со средна големина, малку сол, 1 голема главица кромид, малку маслиново масло, 1 голем морков, 1 китка млад кромид, црвен и црн пипер по вкус, оригано, 1 чешне лук, 1 чаша/конзерва пченка во зрно, 1 јајце, 1/2 чаша брашно.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за сос: 200 г обезмасен цврст јогурт или кисела павлака (со мин % мм), 2 чешниња лук, 2 кисели краставички, свеж копар.
— во 100 г тиквички се содржат само 17 калоpии и помагаат да се отстранат вишокот течности од телото.
ПОСТАПКА: тиквичките измијте ги и доколку се млади не мора да ги лупите. Отсечете им ги краевите со тврди делови, па изрендајте ги на крупната страна од рендето.
Ставете ги во еден подлабок сад и посолете ги со една лажичка сол. Промешајте за да се распореди солта.
Изренданата и посолена тиквичка оставете ја настрана 10-15 минути за да го испушти сокот од себе. За тоа време исчистете една голема главица кромид (или две помали). Исечете го кромидот најситно што можете.
— кромидот е богат со Б витамини, како и витамин Ц, ПП, Е, Д и К. Кромидот го нормализира балансот помеѓу водата и солта во организмот, витамините како и некои други многу важни супстанции.
На тава загрејте малку масло на умерена температура, па запржете го кромидот додека да омекне и застакли. Морковот излупете го и изрендајте го на крупната страна од рендето. Додајте го во кромидот, промешајте и динстајте 3-5 минути.
— морковот помага полесно да се исфpлат вишокот килогpами, како и токcините од телото.
Тиквичките процедете го од испуштениот сок. Убаво истискајте го низ раце и речиси сув ставајте го во посебен сад. Младото кромитче ситно исечкјате го и додајте во тиквичките.
— младиот кромид го забрзува метаболизмот и овозможува побрзо coгоpување на маcните клетки. Спаѓа во зеленчук со негативни калоpии.
Издинстаните кромид и морков додајте ги во тиквичките. Зачинете со по една лажичка црвен и црн пипер, сув босилек, па додајте едно чешне лук истиснато низ преса или ситно сечкано и една чаша (од 300 мл) пченка во зрно и едно јајце.
Промешајте со лажица додека да се соединат сите состојки.
Најпосле додајте половина чаша (од 300 мл) брашно и повторно промешајте додека да се инкорпорира во смесата и да нема грутчиња.
Со намастени дланки обликувајте ќофтиња. Од оваа количина ќе добиете 12 парчиња.
Можете да ги приготвите на два начини: да ги испечете во рерна на 200 степени, врз малку намастена хартија (еднаш превртете ги), додека да заруменат, или пак да ги испржите на следниов начин:
Во тавата ставете сосем малку масло колку да се премачка дното и загрејте на умерена температура. Пржете ги 3-5 минути, па превртете ги и продолжете да ги пржите уште 5-7 минути под капак.
Потоа повторно превртете ги и пржете ги уште минута-две. Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салфетка за да се впие вишокот маснотија.
ЗА СОС: изрендајте ги киселите краставички и лукот, па помешајте ги со киселата павлака. Додајте ситно сечкан копар, зачинете и промешајте. Деталите погледнете ги ОВДЕ.