6 знаци кои укажуваат дека сте под стрес

Во современиот начин на живеење речиси не постои човек кој не е под стрес. Се почесто можеме да слушнеме дека и децата се под голем стрес, што порано ретко можеше да се сретне. Веќе толку многу сме опкружени со стресот, што за сите претставува вообичаена појава.

Меѓутоа, стресот може да ве совлада на многу подмолен начин, па не мора да станува збор само за ментални и емоционални проблеми- туку влијанието од стресот може да се огледа и врз вашето физичко здравје.

Најдобар начин за намалување на стресот е квалитетниот сон и тоа спиење помеѓу 7 и 9 часа, здравата исхрана, вежбањето и концентрирање на работи кои можете да ги контролирате. Исто така, важно е да ги препознаете помалку очигледните знаци на стрес. Еве кои се најчести:

БОЛКИ ВО СТОМАКОТ

Мозочниот нервен систем е поврзан со системот за варење, па менталниот стрес може да предизвика потешкотии со варењето и дигестијата на храната . Во зависност од ситуацијата, можно е лекарот да ви препише лекови или да ви го промени начинот на исхрана.

Во меѓувреме, најдобриот природен лек за стомачни проблеми предизвикани од стрес (опстипација, дијареа, мачнина, повраќање) е вежбањето.

Ова можеби е последното на списокот што вие би сакале да го правите кога ве боли стомакот, но брзото одење или трчањето можат да го зголемат ендорфинот од кого подобро ќе се чувствуваат и вашиот ум и стомак.

ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Приближно за три до шест месеци по изминувањето на некоја поголема стресна ситуација (отказ на работа, прекин на некоја долгогодишна врска, смртен случај), можеби ќе забележите повеќе коса на вашиот чешел или во одводот од туш кабината.

Изразено високите количества андроген кој се зголемува во текот на стресни периоди, може да влијае врз фоликулите на влакната што може да предизвика опаѓање на косата. Не постои ни храна ни суплементи кои докажано ја враќаат отпаднатата коса, но урамнотежената исхрана може да го поттикне растот на клетките и исцелувањето.

ГРЧЕЊЕ НА ОЧИТЕ

Ова непријатно грчење на мускулот обично се јавува околу едното око и трае неколку минути. Стресот е еден од најчестите причини, иако лекарите не се сигурни зошто ова се случува. Кога ова ќе започне да се случува, затворете ги очите, обидете се да се опуштите и дишете длабоко.

Вдишувајте 4 секунди, задржете го здивот 7 секунди па издишувајте 8 секунди. Повторете го тоа 4 пати додека нежно со врвот од прстот го притискате окото кое се грчи.

АКНИ

Исто како и косата, така и кожата станува чувствителна од превисокиот андроген кој може да доведе до појава на акни. Доколку тие континуирано се појавуваат, посоветувајте се со дерматолог, затоа што хроничните воспаленија можат да доведат до создавање на лузни. Во вакви ситуации можат да се користат разни други средства, како што се специјални антибактериски сапуни.

БОЛКИ ВО ГРБОТ

Хормоните кои нашиот организам ги „пумпа“ додека сме под стрес можат да имаат различно влијание. Тие влијаат врз зголемувањето на крвниот притисок и забрзаната работа на срцето како и на стегање на мускулатурата.

Секако, доколку селиот работен ден го поминувате седејќи зад компјутер, овој проблем ќе биде уште поистакнат. Најдобар лек е движењето, па доколку чувствувате болка во грбот, станувајте на секој час и направете неколку вежби за истегнување. Исто така, паметно би било секојдневно да прошетувате по 15-тина минути.

ЧЕШАЊЕ

Стресот може да предизвика мистериозно чешање и јадеж. Тоа се случува поради пореметувањето на имунитеот како резултат на стрес. Кога тоа ќе се случи, вашата кожа станува подложна на инфекции во вид на егземи, пропратено со температура, грозница или кашлица. Во ваква ситуација најдобро е да се обратите на лекар.

Претходна статијаИНСТРУКЦИИ: Како правилно се пијат лековите
Следна статијаПОСТОЈАНО ИМА КАВГА ВО ВАШИОТ ДОМ? Еве како да проверите дали има негативна енергија и како да ја отстраните