4 јајца, чаша шеќер, чаша гриз и буквално се топи во уста! Десерт кој долго ќе го памтите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за плех 30х22 см):

4 јајца,
1 чаша шеќер,
1 чаша млеко,
1 чаша масло,
1 чаша гриз,
1 чаша ореви,
1 чаша брашно,
1 кесичка прашок за печиво,
се мери со иста чаша од 200 мл

За сируп:
500 г шеќер,
600 мл вода.

За декорација:
2 шлаг пени,
200 мл вода,
4 лажици шеќер,
арома од ванила,
мелени ореви

ПОСТАПКА:

Во еден подлабок сад изматете четири јајца со 1 чаша шеќер. Јајцата се матат со жица или виљушка додека шеќерот да започне малку да се растопува. Потоа додајте една чаша млеко, промешајте, па една чаша масло и повторно кратко промешајте.

Во смесата додајте една чаша гриз, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша брашно и 1 кесичка прашок за печиво. После додавањето на секоја состојка кратко промешувајте за да се инкорпорира во смесата.

Кога убаво ќе се изедначи, излејте ја во плех со средна величина, претходно обложен со хартија за печење. Протресете и израмнете па ставете да се пече половина час во претходно загреана рерна на 180 степени.

За сируп: 500 г шеќер прелијте со 600 мл вода и ставете на оган да зоврие додека да се растопи шеќерот. Гответе неколку минути додека целосно да се растопи шеќерот. Со топлиот сируп прелијте го млакиот колач. Оставете да се впие сирупот.

За декорација: две шлаг пени измешајте со 200 мл вода (може газирана) и 4 лажици шеќер, па пенасто изматете. Во шлагот додајте 1-2 лажички арома од ванила или по вкус.

рецепт 1

Шлагот оставете го половина час во фрижидер да излади, а потоа нанесете го врз колачот и израмнете. Одозгора наросете мелени или сечкани ореви. Деталите погледнете ги ОВДЕ.