Луѓето со овие професии најмногу изневеруваат. Дали е вистина?

Луѓето од овие професии најмногу изневеруваат, а ги поврзуваат овие две фасцинантни работи!

Постои извесен шаблон кога станува збор за прељубниците.

Секој од нас би сакал да знае како да го препознае прељубникот и да си го сочува своето срце од „кршење на парчиња“, но иако се занимаваме со ова прашање од памтивек, за него немаме конечен и универзален одговор.

Сепак, според резултатите на најновото австриско истражување, на прељубниците би можело да ни укаже нивната професија. До овој заклучок дошла Викторија Милан, интернет страница која ги спојува луѓето со желба за вонбрачно дружење. Она што изненадува е дека корисниците доаѓаат од различни професии.

Според истражувањето кое опфатило 5650 корисници, најчесто изневеруваат оние кои работат на стресни работни места и во доходовните финансиски гранки. 21% од жените кои бараат забава се: банкарки, брокерки и аналитичарки. 15% се пилоти или стјуардеси, 65% од жените признале дека спијат со колега од работа. Она што е изненадувачки е податокот дека 85% од овие жени, не би им го препорачале истото на други жени.

Најмногу прељубници доаѓаат од следните професии:

  1. Финансии
  2. Воздухопловство
  3. Здравство
  4. Претприемништво
  5. Спорт
  6. Уметност
  7. Ноќни клубови
  8. Комуникација
  9. Правосудство