Исповед на еден гинеколог: Еве што си мислам додека ја гледам вашата вагина

Не можете ни да си замислите што докторот гледа додека ве прегледува таму долу…

Секоја жена кога оди на гинеколошки преглед барем еднаш си помислува на тоа што му се врти во главата на докторот додека чепка таму долу.

Оттаму е сосем природно чувството на срам кои жените го имаат пред и во текот на секоја посета во гинеколошката ординација.

Голем број жени најпрво психички се подготвуваат за посета на гинеколог, бидејќи ги обзема неверојатно чувство на срам.

Иако знаат дека ваквите прегледи се неопходни за нивното здравје, жените секогаш мислат дека докторот во нивната интимна зона забележува нешто што може да им предизвика непријатност, пишува Women’s Health.

За да престане оваа агонија, докторите признаваат што точно размислуваат и гледаат додека ве прегледуваат.

Баш им е гајле за вашата фризура таму долу

Не мора да трошите време на посебно бричење или на ускладување на депилацијата со гинеколошкиот преглед, бидејќи вашиот доктор сигурно нема ни да го забележи вашиот труд.

Имено, овде не станува збор за љубовен состанок, туку за здравствен преглед од гинеколошки тип. Верувајте, вашиот доктор се нагледал се’ и сешто.

Се грижете околу мирисот на вашата вагина? Еве што треба да направите:

-Пациентките многу се грижат околу тоа како им мириса вагинара, а јас повеќе се грижам поради мирисот на нивните нозе, особено кога морам да направам ПАПА тест, бидејќи тогаш носот буквално ми е најблиску до нивните стапала – вели еден гинеколог.

Значи, обратете внимание и на хигиената на нозете, еднакво како и на хигиената на вагината.

Постои голема шанса да не можете да ги исконтролирате своите црева додека се пораѓате

-Речиси секоја жена изврши нужда додека се пораѓа, но тоа е толку вообичаено и ние сме навикнале на тоа што сум сигурна дека повеќето од нас и не забележуваме дека се случило нешто чудно – објаснува една докторка.

Иако, пред породувањето сигурно ќе минете низ процес на клистрирање.

Нема потреба да го прескокнувате прегледот ако сте добиле менструација

-Ние сме навикнале на крв и тоа во големи количини. Па, како мислите да направиме “царски рез” ако ни се гади од крв?! – беше кратка Мери Џејн Минкин, професорка од Јејл и гинеколог.

Дали ве чеша интимната регија?

Можеби ви е гадно и чудно да објаснувате на кој начин и колку ве чеша вашата вагина или околното подрачје, но тоа се важни информации за гинекологот кој треба да направи дијагноза и да даде јасна терапија.

Секој гинеколог ја поддржува контрацепцијата

Не постои гинеколог кој се противи на некоја од контрацепциите, но ако ги прашате за мислење ќе ви препорачаат спирала. Докторската етика налага докторите да не се мешаат во изборот на жената околу потомството.

Бидете искрени и детални околу вашите сексуални активности

Ова е единствениот начин за навремено утврдување на полово преносливи заболувања. Доколку болесто се дијагностицира навремено, тогаш и лекувањето е побрзо и полесно.