Запишете си го овој рецепт за тиквички во тегла без никаква хемија, а можете да ги јадете преку цела година. Многу вкусна салата и здрава, особено ако само сте ги одгледувале овие квалитетни плодови. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за прелив: 1 литар вода, 2 ловорови ливчиња, црн пипер во зрно, 4 супени лажици шеќер, 1 супена лажица сол. И уште: 6 млади тиквички, 2 главици кромид, 1 црвена пиперка, свеж магдонос, 4 чешниња лук (може и повеќе), 50 мл бел оцет 9%

ПОСТАПКА: Теглите стерилизирајте ги 30 минути во рерна на 100 степени, а капаците избришете ги со чист алкохол или оставете ги 10 минути во вода која врие.

Во едно тенџере сипете ги сите потребни состојки за преливот, ставете на оган и оставете да зоврие. За тоа време исечете ги тиквичките на тенки тркалца, кромидот, како и една свежа црвена пиперка.

Магдоносот нема потреба многу ситно да го сечкате, доволно е да го искинете со рацете. Лукчето исто така, можете да го исечкате покрупно. Штом зоврие преливот, сипете го сиот изечкан зеленчук и промешајте.

Поклопете го тенџерето и почекајте повторно да зоврие. Потоа варете точно 2 минути, па тргнете го тенџерето настрана. Со помош на решеткава лажица или маша-штипалка извадете го само зеленчукот и распоредете го во стерилизирани тегли.

Штом ќе ги наполните теглите, тенџерето заедно со преливот вратете го на оган и додајте 50 мл бел оцет 9%. Почекајте преливот да зоврие, па тргнете го од оган. Внимателно сипете го во теглите, да се наполнат до врв.

Добро затворете ги со чисти капаци. Оставете ги постепено да се оладат, а потоа чувајте ги на темно и ладно место. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „ТИКВИЧКИ ВО ТЕГЛА: Толку се вкусни што половината веднаш ги изедовме, а половината останаа за зима“ – ОВДЕ.

ТИКВИЧКИ ВО ТЕГЛА: Толку се вкусни што половината веднаш ги изедовме, а половината останаа за зима