Ќе ви претставам двата мои омилени рецепти. За првиот рецепт бев скептчина поради киселата павлака и не знаев како сето тоа ќе изгледа, но резултатот ме воодушеви. Вториот рецепт се приготвува со пилешко месо и е нешто што често го приготвувам. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 грама елено месо, 4 јајца, 4 лажици брашно, 200 грама павлака, 1 кесичка прашок за печиво, 1 мала главица црн кромид, 1-2 чешниња лук, масло, сол, црн пипер во прав

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: околу 450 г пилешко филе, 1 главица кромид, 140 г печурки, зачини сол, црн пипер, зеленчукова сува мешавина (вегета), масло

ПОСТАПКА за рецепт 1: Со миксер (или во блендер) се матат јајцата, брашното, павлаката, прашокот за печиво, лукот и кромидот, меленото месо и се додаваат зачините.

Потоа од смесата направете и обликувајте плескавици. Со помош на лажица-лопатка се вадат и се пржат на умерено врело масло. Кога ќе заруменат од едната страна се вртат внимателно и се допржуваат уште неколку минути на другата страна.

ПОСТАПКА за рецепт 2: пилешкото филе исечете го на помали парчиња или сомелете го. Исечете ги кромидот и печурките. Ставете сè во блендер сосе месото, зачинете по вкус, па миксајте додека да добиете изедначена смеса.

Од смесата формирајте околу 10 плескавици. Се пржат на загреано масло. Ако ги печете во рерна, наредете ги врз намастена хартија и врз секое ставете мало парче путер. не ги препекувајте за да останат сочни.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња“ – ОВДЕ.

КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња