Брза, едноставна торта-колач со џем ќе ве воодушеви веднаш, штом ќе ја помирисате кога ќе се испече… Неговата најголема доблест е што е многу, многу мек, а секој залак се топи во уста. Нема на кој не му се допаѓа. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 12 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 тегла џем. Во џемот по желба можете да додадете мелени ореви околу 150-200 г.

ПОСТАПКА: Јајцата се матат пенасто со шеќер додека тој да се растопи и смесата да побели и згусне, па се додаваат маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво.

Половина од изматената смеса истурете ја на подмачкана тава со средна големина и печете во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути.

Кога ќе се испече долниот дел од колачот, извадете го од рерна и веднаш премачкајте го со џем. Сипете го остатокот од тестото преку џемот. Печете уште 15-20 минути на 200 степени.

Испечениот колач оставете го да се излади и дури потоа исечете го. Посипете со шеќер во прав и засладете се. Имајте пријатен и сладок ден со овој фин, мек деликатес.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Посен колач со џем од кајсии и ореви – се топи во уста, брз и едноставен за подготовка“ – ОВДЕ.

Посен колач со џем од кајсии и ореви – се топи во уста, брз и едноставен за подготовка