ЗЕЛНИК ЗА МЕРАК…Прсти да излижеш!

Ова е еден многу едноставен метод за месење и правење зелник, што секој може да го усвои и да си подготви многу вкусен појадок или вечера. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша млеко
1 чаша вода
1 лажица сув квасец
1 лажичка сол
5 чаши брашно, се додаваат постепено

За фил помешајте урда и магдонос/праз/кисела зелка или нешто по желба
За маснотија : 150 г растопен путер
За премачкување на зелникот: 1 жолчка + 1 лажичка млеко

ПОСТАПКА:

Се замесува средно меко тесто и се остава покриено да ферментира 40 минути. Потоа се премесува и се дели на 2 топки. Се оставаат покриени да одморат 10 минути.

Се отвора голема кора, во средината се става фил и се сече како зраци на сонце. Парчињата се преклопуваат преку филот.

Се отвора втората кора, се премачкува, а во средината се става топката со фил од првото тесто. Се сечат зраци и се преклопуваат на ист начин.

Големата „топка“ се префрла на намастен плех и постепено се притиска со дланките за да се сплеска колку може потенко.

Се остава покриено да одмори 20 минути. Се сече на коцки, се премачкува со жолчка и се пече во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: