Home пита ЗЕЛНИК…Традиционална МАКЕДОНСКА ПИТА – КОМАТ, омилена во секое семејство…

ЗЕЛНИК…Традиционална МАКЕДОНСКА ПИТА – КОМАТ, омилена во секое семејство…

ЗЕЛНИК…Традиционална МАКЕДОНСКА ПИТА – КОМАТ, омилена во секое семејство…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кесичка квасец
2 лажички шеќер
2 лажички сол
600 мл топла вода
1 кг брашно
100-150 г маргарин или путер на собна Т

ФИЛ: по жлеба (сечкана кисела зелка, праз, спанаќ, сирење, мелено месо…)

ПОСТАПКА:

Растворете го квасецот во млака вода со шеќер и оставете 5-10 минути да се активира. Со постепено додавање на брашното помешано со сол замесете средно тесто кое не се лепи на рака. Оставете го покриено да го удвои волуменот, половина час.

Малку премесете го и поделете го на 2 дела. Со оклагија развлечете кора (5 мм) и преку цела површина премачкајте ја со путер и исечете ја на зраци како сонце. Парчињата преклопете ги едно преку друго во средината.

Добиената „топка“ од преклопени теста премачкјате ја одозгора со масло и повторно развлечете ја во кора. Поставете ја во големиот плех од рерна, обложен со хартија за печење. Дополнително развлечете ја со рацете и подигнете ги краевите.

Распоредете фил преку кората, да се покрие целата површина. Повторете ја постапката и со второто тесто, па преклопете го филот и завршете со „витки“ за да се затвори питата.

Печете 25-30 минути во претходно загреана рерна на 180-190 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: