ЗДРАВИ ПРОТЕИНСКИ БАРЧИЊА ОД 3 СОСТОЈКИ: без печење и додавање на шеќер. Рецепт на Брзи Рецепти. ,,Отсекогаш сум сакал да подготвувам протеински барчиња и да ги имам дома, па кога ќе почувствувам дека ми се јаде благо или дека ми паднала енергијата, веднаш посегнувам по овие колачиња.”




Oва е класичен рецепт за меки протеински барчиња кои се подготвуваат од 3 состојки. Додека трепнете ќе ви бидат послужени на маса и нема да ви се верува дека навистина сте ги подготвиле за толку кратко време.




Може да ги јадете попладне како ужина наместо да јадете нешто што е нездраво и полно со шеќери. Овие колачиња имаат посебна блажина и ќе ги правите постојано. За да ги направите ќе ви бидат потребни следниве состојки: 200 г суви урми, 200 г бадеми, 1 лажичка какао, прстофат сол.




Постапка: Во подлабок сад ставете ги урмите и прелијте ги со топла вода да отстојат 10-15 минути. Во меѓувреме, бадемите ставете ги во тавче, без додавање на масло и пропржете ги додека да потемнат и добијат убава златна боја.




По изминатото време, урмите процедете ги од водата и ставете ги на дрвена даска на која претходно сте ставиле хартија и избришете ги од водата. Потоа секоја урма исчистете ја од внатрешната семка.




Исчистените урми ставете ги во блендер, а потоа додајте ги и пропржените бадеми. Додајте 1 лажичка какао (кое не содржи шеќер) и прстофат сол. Изблендирајте се во еднолична смеса.




Ќе забележите дека по блендирањето ќе добиете малку влажна смеса со средна конзистенстност слична на влажен песок. Оваа смеса ставете ја во правоаголен или некој друг сад (помал), обложен со хартија за печење.




Одозгора добро израмнете ја смесата и подеднакво распоредете ја низ целиот сад. Кога тоа ќе го направите, покријте ја смесата со вишокот хартија за печење и ставете во фрижидер да се стегне 30-тина минути.




Потоа извадете од фрижидер и вака подготвената кора пресечете ја на помали коцки или правоаголници по ваш избор. Барчињата се спремни за послужување. Деталилите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ, а во продолжение на кратко прочитајте зошто треба често да јадете суви урми и како тие делуваат на вашето здравје.




Урмите имаат антивоспалително дејство. Антиоксидантите во урмите дејствуваат на намалувањето на хроничниот процес на воспаление во телото, за намалување на вкупниот холестерол и високиот кр-вен притисок како еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања.




Урмите изобилуваат со минералот калиум. Калиумот, најзастапениот минерал со кој се богати урмите, делува на намалување на високиот кр-вен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта кр-вните садови и ја подобрува циркулацијата.

Имаат богата содржина на растителни влакна. Растителните влакна во урмите можат да превенираат и да помогнат при сла-беење, но и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце.