ЗДРАВ КОЛАЧ со 3 состојки..Без шеќер, со малку јаглехидрати без лактоза…Вкусен, се топи во уста…

Колачот има природна сладост од јаболката и необична текстура од јаткастите плодови. Се подготвува многу едноставно!

Одличен десерт за слабеење! Вкусно и здраво! Овој рецепт е погоден за оние кои претпочитаат здрава исхрана, како и вегански рецепти и вегетаријански рецепти.

Калорична вредност на 100 г: 254 калории, 8,4 протеини, 20 масти, 10 јаглени хидрати
Вкупна тежина на колачот: 1130 г
Дијаметарот на калапот е 16 сантиметри

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Јаболка 1-1,2 кг (720 грама јаболково пире со средна густина)
Кокосово масло 60 г (или Ги масло, какао путер)
Кикирики 350 г (бадеми/лешници/ореви)

ПОСТАПКА:

1.Јаболката исечете ги на половина, наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, половина час.

2.Печените јаболка проверете ги со чепкалка дали целосно се омекнати.

3.Со лажица отстранете ја само пулпата, а лушпата фрлете ја. Додајте го кокосовото пире и со рачен блендер измиксајте во мазно пире. Додајте засладувач по вкус (ако не ви е доволно слатко) или лимонов сок (ако не ви е доволно освежително).

4.Сомелете ги јатките во блендер. на дното од обложен калап (дијаметар 16 см) сипете 80-90 г мелени јатки и натапкајте.

5.Врз нив распоредете приближно 250 г крем и израмнете. Продолжете по ист редослед за да добиете по три слоја. Завршете со крем, покријте со стреч фолија и оставете во фрижидер најмалку 6 часа.

6.Отстранете го флексибилниот обрач и декорирајте со мелени јатки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.