Брз и вкусен чоколаден колач.

Потребни состојки:

2 шолји брашно
2 шолји шеќер
1 прстофат сол
4 лажици какао
200 г путер
1 шолја врела вода
½ шолја немасен јогурт или матеница
2 јајца
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка екстракт од ванила

За глазура:

½ шолја сечкани ореви
175 г путер
4 лажици какао
6 лажици млеко
1 лажичка екстракт од ванила
400 г шеќер во прав

Постапка:

Во сад за матење ставете шеќер, брашно и сол. Во сад на шпорет ставете го путерот и оставете да се растопи на тивок оган. Потоа додадете го какаото, додадете врела вода и оставете да проврие околу 30 секунди. Оваа смесат излејте ја во брашното, промешајте и оставете да излади.

Во посебен сад ставете го јогуртот, јајцата, сода бикарбона и ванилата, па добро изматете. Потоа додадете ги останатите состојки и мешајте додека да добиете еднолична смеса.

Тестото излејте го во голем плех претходно намастен и печете во загреана рерна на 175 степени, 20 минути.

Додека се пече колачот, пригответе ја глазурата. Во еден сад растопете го путерот, додадете какао и промешајте. Тргнете го од оган, додадете млеко, ванила и шеќер во прав. Мешајте додека сите состојки да се соединат. На крај додадете ги сечканите ореви и прелијте преку топлиот колач.

Оставете да излади, па сечете го на коцки и послужете.