Оваа приказна опишува само еден од многуте случаи на сиромаштија во нашата земја, но и ја враќа вербата во хуманите луѓе кои сè уште постојат.

Станува збор за еден дедо кој се нашол во непријатна ситуација на каса во продавница. Раскажува младо момче по име Марко.

“Вчера бев во продавница. Пред мене гледам некој старец од преку 80 години. Во корпата ставил два домати, тиквица, еден кг брашно, 1 кг шеќер и некои ситници. Ништо луксузно, ништо премногу вредно.

Старецот го преврте целиот новчаник, а од него испаднаа и неколку метални парички. Касиерката броеше, броеше и дојде речиси до 500 денари. Не е доволно. Го праша дали нешто ќе остави на страна додека да ги донесе остатокот од парите или да одбие нешто од сметката.

Тој и рече дека нема ништо да остава, бидејќи тој и бабата и онака немаат пари дома, туку нешто да одбие од сметката. Со раката ги оттурна несигурно оние два домати и тиквицата и ја праша касиерката што уште треба да остави.

Извадив пари од паричникот и и’ дадов на касиерката 200 денари. И реков да му ги врати на господинот работите од кесата. Дедото зеде да пребира низ џеповите со надеж дека ќе најде уште некој загубен денар.

Ме погледна и ми рече: “Стварно немам ништо повеќе во џеповите, земете нешто од ова што сакав да го купам”.

Касиерката му рече дека сум додал толку колку што недостигало.

Дедото ме погледна, збунето, а потоа ја наведна главата и рече: “А што сега јас да правам?”

“Ништо”, му реков, “Земете си ги работите и одете си дома, сè е во ред”.

“Но, мене ова никогаш не ми се случило”, рече дедото и натаму збунет. “Навистина, не знам што да правам?”- рече тој и ја погледна збунето касиерката.

“Па ете, имало уште добри луѓе”, рече таа, а после и таа погледна во земја.

“Дајте ми го барем вашиот телефонски број и адреса, па ќе Ви донесам 200 денари, кога ќе имам”, ми рече дедото.

“Таман работа, вие доволно сте сработиле и сте заработиле уште пред многу години”, се обидов малку низ смеа да ја разбијам неговата мака.

“Но, мене навистина ова никогаш не ми се случило, некој толку да ми помогне…”, рече дедото и почна да се тресе и да плаче за својата беда, како да сум дал вреќа злато, а не една згужвана пара.

Касиерката му ги допакува останатите работи, а видов дека и неа и стана тешко. Таа тука веројатно работи за 15-тина илјади плата и знае сигурно и самата што значи да се нема.

“Дојдете макар на кафе, морам некако да ви се оддолжам”, липтеше дедото.

“Не морате Вие ништо, освен да се смирите и да одите дома, да си направите јадење и да одморите”, се обидов да го смирам.

Ми ја пружи раката. “како се викате?”

“Марко”, му одговорив.

“Јас сум Милан и ќе Ве памтам додека сум жив.”