Успорената работа на штитната жлезда или хипотиреоза, бара посебен тип на исхрана, а се препорачуваат намирници со низок до среден гликемиски индекс, како што се овесни снегулки со јогурт и цимет.

Напади на прејадување

Хипотиреоза, односно успорена активност на штитната жлезда е навистина значителен и сериозен здравствен фактор кој неретко резултира со дебелеење.

Оваа состојба доведува до отежнато слабеење и потешка регулација на нормалната телесна маса. Постојат три главни фактори во хипотиреозата кои доведуваат со магепсан круг при настојувањето да се изгубат прекумерните килограми.

-опстипација, проследена со често чувство на подуеност

-напади на прејадување поврзани со чувство на умор и малаксалост, недостиг на енергија, што е последица од хормонски зависното намалување на базалниот метаболизам

-напади на прејадување со намирници богати со прости јаглехидрати (како брзи и висококалорични извори на енергија). После внес на такви намирници доаѓа до т.н. постпрандијална депресија која пак придонесува на вкуспната метаболичка депресија.

Затоа, се советува внимателно одбирање на јаглехидратите кои ќе се јадат и зголемување на внесот на семки.

Волшебна формула или едноставна диета која преку ноќ ќе го реши проблемот со вишокот килограми – не постои. Но, сепак, случајот не е безнадежен.

Мора да се започне со намалување на јаглехидратите кои доаѓаат од лебот, тестенините, оризот, кексите, засладените сокови.

Јаглехидратите во својата исхрана треба да се консумираат преку нескробнен зеленчук, овошје, мешунки и житарици како што е овес, хељда, киноа, евентуално јачмен и ‘рж. Преголемиот внес на јаглехидратите значително ја оптеретува инсулинската активност која и онака во хипотиреозата е намалена.

Доколку не сте телесно активни, дополнително се успорува метаболизмот кој и онака поради здравствената состојба е успорен.

Мастите се исклучително важни при хипотиреоза и затоа, сончогледовото и соиното масло треба да се намалат, а да се зголеми внесот на маслиновото масло, како и да се консумира сина риба.

Добар избор е лененото масло, ленените семки и омега-3 од бадемите и оревите.

ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Додатоците во исхранаа неретко се земаат како алатка за постигнување на брзи решенија, а кај хипотиреозата не се целосно безопасни, со оглед на тоа што задираат во метаболизмот на штитната жлезда.

Ова особено важи доколку се применува медикаментонозна терапија препишана од лекар.

Иако постојат додатоци во исхраната со концентриран екстракт на фукус алгата, јодот што се содржи во таквите препарати може да интерферира со самите лекови, па затоа со концентрациите треба да се биде внимателен и пред нивно консумирање да се советува со лекар.

Додатоците во исхраната треба да се применуваат секојдневно, не само во одредени денови. Треба да се консумира квалитетно рибино масло, посилно од ЕРА:DHA 180:120.

Покрај регулацијата на исхраната, потребна е и физичка активност. Нападите на прејадување се знак за нерамнотежа на хормоните и шеќерот во крвта. Со редовна телесна активност доаѓа до покачување на нивото на серотонинот и ендорфинот, а со тоа се поттикнуваат и процесите на слабеење и согорување на масното ткиво, како и намалување на периферната резистенција на инсулин во масното ткиво.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ ПРИ ХИПОТИРЕОЗА?

Важно е:

-редовно да се појадува, за да се овозможи стабилност на концентрација на глукоза во крвта

-да се појадуваат намирници со низок до среден гликемиски индекс (пр.овесни снегулки со нискомасен пробиотичен јогурт и цимет)

-мали количини, пр.половина грст бадеми за ужина (попладне) или 3 коцки темно чоколадо (претпладне)

-малку протеини со секој оброк е многу важен начин како да се измами гладот (риба, мешунки, интегрални житарици, јаткасти плодови, белка од јајце).

-потребни се 5 до 6 помали оброци дневно.

-исхрана богата со растителни влакна за да се одбегне опстипација

-белото брашно да се замени со интегрално

-наместо кафе со млеко да се користи незасладен чај.