Подмолна болка во градите – АНГИНА ПЕКТОРИС. Ангина пекторис честопати е ургентна состојба во кардиологијата. Се јавува како последица на исхемија на срцевиот мускул, поради намалена или пореметена циркулацијата на крвта, при што е намален дотокот на кислород во срцевиот мускул. Доколку навремено не се лекува оваа состојба, ангина пекторис може да доведе до инфаркт на миокардот.

СИМПТОМИ КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ИГНОРИРАТЕ. Нападот на ангина пекторис се препознава како болка или изразено непријатно чувство во градниот кош, во траење од неколку минути. Се јавува и прободување, стискање и чувство на тежина во градниот кош, левата рака и долната вилица.

Често се јавува после изложување на поголем физички напор, студ, при стресни ситуации, после претеран внес на алкохол и цигари и при полови односи.

Меѓу факторите на ризик за појава на ангина пекторис се: висок крвен притисок, пореметување на срцевиот ритам, зголемено ниво на холестерол и триглицериди во крвта, дебелина, пушење, исхрана богата со животински масти, генетска предиспозиција

Овие фактори значително влијаат врз појава на наслаги во коронарните крвни садови и придонесуваат за појава на други хронични болести поврзани со срцето.

Природен лек за намалување на висок притисок и ангина пекторис. Пишува: Мартин Најдовски Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Потребни состојки: 3 главици домашен лук, 3 лимони органски и 1 литар ладна вода. Постапка: Чешнињата од лукот се чистат од лушпата, а лимоните се мијат и се сечкаат на коцки заедно со кората. Состојките се ставаат во тенџере и се прелеваат со еден литар ладна вода.

Постепено се загрева на умерена температура, па штом ќе зоврие се поклопува и се остава уште 5 минути да врие.

Потоа се трга на страна и се остава преку ноќ, односно 24 часа. Следниот ден се процедува преку газа и се истискува добро. Се складира во стаклено шише и се чува во фрижидер.

Употреба: Секое утро на гладно се пие по 1 ракиена чашка од 50 мл. Штом се испие една доза, се прави пауза од седум дена. Вкупно се пијат три дози со 7 дневна пауза помеѓу секоја. Пред употреба добро се протресува шишето, бидејќи останува талог на дното.