Home пита ТУРСКА БАНИЦА…Многу брза и лесна, секој може да ја направи, додека трепнеш...

ТУРСКА БАНИЦА…Многу брза и лесна, секој може да ја направи, додека трепнеш е готова…Вкусот е неповторлив…

ТУРСКА БАНИЦА…Многу брза и лесна, секој може да ја направи, додека трепнеш е готова…Вкусот е неповторлив…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г кори за пита
250 г кравјо сирење

За прелив:
5 јајца
250 мл млеко
1 чаша кисело млеко (250 мл)
1/2 лажичка прашок за печиво / сода за леб
100 г растопен путер

ПОСТАПКА:

Целото пакување готови кори пресечете го на половина, па на ленти со дебелина од 1 см, а потоа лентите пресечете ги на половина (за да не се долги). Разделете ги една од друга, да не се слепени.

<

Сечените лентички поделете ги на два еднакви дела. Плех 25х35 см обложете го со хартија. Сипете ја првата половина сечени кори и распоредете ги да биде прекриено дното. Одозгора распоредете ситно сирење и покријте со втората половина од корите.

Во подлабок сад изматете ги сите потребни состојки за преливот и залијте ја баницата. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 22 минути или додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.