Кога се обидуваме да формулираме правилна диета за да се ослободиме од вишокот килограми, пред сè размислуваме за тоа, што и во кои количини треба да јадеме, а притоа, не придаваме голема важност за температурата на храната, иако за правилно варење на храната и контрола на телесната тежина, овој аспект игра многу важна улога.

Во средината на 80-тите години на минатиот век, т.н. „ладната диета“ била многу популарна (особено кај балетските уметници и моделите). Според некои правила на оваа диета, се сугерира употреба на ладна храна, понекогаш дури и сладолед.

„Студената диета“ ветува брзо губење на тежината, бидејќи телото троши енергија не само за варење на храната, туку и за нејзино загревање. Меѓутоа, овде постои еден исклучок. Како прво, треба да се откажете од храна со т.н. „ладни протеини“ (да, не треба да јадете ниту ладен лосос или пилешки филети).

Студената храна од овој тип побрзо поминува низ гастроинтестиналниот тракт и не се задржува во стомакот доволно време. Како резултат на тоа, протеините немаат време да се конвертираат во аминокиселини и несварените делови од храната влегуваат во цревата, така што овој начин на консумирање на храната, понекогаш може да биде штетен.

Зошто штетно?

Во најдобар случај, оваа диета може да доведе до чувство на тежина во желудникот, а во најлош случај – развој на дисбиоза, метаболички нарушувања, па дури и сериозни гастроинтестинални заболувања.

Секоја храна подготвена со масло – житарици, месо или зеленчук, исто така, треба да се јаде топла. „Ладните масти“ се разложуваат поспоро, а непријатноста и тежината се појавуваат речиси секогаш во стомакот.

Општо земено, нутриционистите препорачуваат сета онаа храна која се готви, да се јаде топла. Не треба да го загревате свежиот зеленчук и овошјето што ги јадете сурови туку се препорачува да ги извадите од фрижидер 30-40 минути пред јадење, за да се загреат на собна температура.

Исклучок од ова правило е компирот. За време на неговата подготовка, се случуваат комплексни реакции со скробот кој е содржан во него, кои завршуваат само за време на неговото ладење. Така што, кога ќе го зготвите компирот, оставете го малку да се излади, а потоа изедете го. Компирот за време на диетите се препорачува да се јаде во сварена форма.

Едно друго правило кое треба да се запамети, е да не мешате топла и ладна храна истовремено. Оваа комбинација го отежнува чувството на ситост и носи сериозен ризик од прејадување. Ова често се користи во рестораните за брза храна кога јадете врела плескавица или помфрит во комбинација со ледена Кока Кола која ќе ве натера да јадете многу повеќе отколку што треба, бидејќи чувството на ситост доаѓа многу подоцна.

Прочитајте ја и следната статија: 5 докажано најштетни намирници за човековото здравје

Колку и да обраќате внимание на исхраната, големи се шансите барем од време на време некоја од многу популарните, но многу нездрави јадења да заврши во вашиот стомак.

Имено, науката докажа дека некои намирници, кои честопати ги сметаме за сосем безопасни, со текот на времето можат да му нанесат непоправлива штета на вашето здравје. Ако сакате да останете здрави, науката советува што побрзо да ги исфрлите следните намирници од вашата диета.

Преработено месо

Иако може да ви изгледа неодоливо сочната сланина или колбасот и сметате дека понекогаш е во ред да се почестите со некои преработки од месо, експертите сметаат поинаку. „Сланината, колбасите и другите преработки од месо, како што е саламата се сметаат за канцерогени и тоа во класата 1“, објаснува интернистката Дана Симплер од медицинскиот центар во Балтимор, додавајќи:

„Во просек, околу 50 000 луѓе годишно умираат од рак предизвикан од внес на црвено месо и месни производи“. Да се потсетиме, во 2015 година, Светската Здравствена Организација потврди дека месните производи можат да предизвикаат рак.

Десерти полни со шеќер

Ако одите по некој десерт или чоколадо секоја вечер, постои можност сериозно да го оштетите вашето здравје. Со овој вид храна, мозокот едноставно не добива многу енергија, па затоа го принудува телото да работи премногу, ставајќи го под стрес и создава преоптоварување на клеточно ниво, вели неврологот Дин Шерзај.

И тоа не е единствената штета што може да ја направи овој вид храна. „Кога внесувате многу шеќер, клетките стануваат отпорни на инсулин, што може да доведе до инсулинска резистенција, состојба што доведува до сериозно оштетување на клетките,“ објаснува д-р Шерзај. Покрај тоа што оваа исхрана е чекор кон дијабетес, оваа состојба може да предизвика и оштетување на артериите што носат к-рв до мозокот.

Оброци од микробранова печка

Ако јадете оброци загреани во пластични садови, не правите ништо добро за вашето здравје. Колку и да е здрав оброкот, доколку се загрева во пластика, ќе јадете и штетни соединенија што се ослободуваат кога ќе се загреат во храната, вели нутриционистката Алиша Галвин. Најопасното соединение е БПА.

Студија објавена во 2015 година во стручното списание „Медицина“ во Балтимор откри докази дека БПА може да биде активирач за производство на клетки на рак на дојка и простата.

Чипсови и други грицки

Полн со празни калории и најштетни јаглехидрати, а исто така пржен во длабоко масло, не е изненадувачки што омилените чипсви на сите се на оваа листа. „Покрај големите количини на најлоши јаглехидрати, вие внесувате огромни количини маснотии и сол, “ вели нутриционистката Лиза Ричардс.

Заситените масти и солта од чипсот придонесуваат за развој на срцеви заболувања, а со редовно консумирање видно ќе ги покачите килограмите.

Бел леб

Не само што е очигледно пресолена храна единствениот виновник за скок на кр-вниот притисок е белиот леб. И додека повеќето луѓе знаат дека белиот леб е полн со шеќер и јаглехидрати, она што многумина не го разбираат е дека овој производ содржи и многу сол, што негативно влијае на кр-вниот притисок.

Студија од 2018 година открива дека луѓето кои јаделе една или повеќе парчиња бел леб неделно имаат 39% поголем ризик од развој на висок кр-вен притисок во споредба со луѓето кои јаделе бел леб трипати месечно или помалку. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска