Ако не ми верувате на збор, тогаш направете ја и уверете се, оваа торта е многу, многу вкусна! Особено сите љубители на кремастите торти и секако на бананите, ќе бидат воодушевени. Не можете да погрешите со овој рецепт, едноставен е, а сепак не е…Фотографии и рецепт на Селма Мемиќ.

„Банана бајка“

Потребни состојки за бисквит: 9 јајца, 9 лажици шеќер, 9 лажици мелени ореви, 3 лажици брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво. За првиот фил: 100 г мелени ореви, 200 г шеќер во прав, 150 мл млеко, 150 г путер, 4 банани.

„Банана бајка“

За вториот фил: 600 мл млеко, 2 пудинзи од ванила, 200 г шеќер во прав, 150 г путер, 4-5 банани. За декорација: 300 мл слатка павлака и приближно 50 г чоколадо за гоптвење.

„Банана бајка“
„Банана бајка“

Постапка: Скршете ги јајцата и одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Во жолчките додајте четири лажици шеќер. Добро изматете со миксер додека шеќерот да се растопи, а смесата да побели и стане густа и кремазна.

Во друг сад со чисти и суви маталки пенасто изматете ги белките со постепено додавање на пет лажици шеќер, додека да добиете цврст и густ сјаен снег. Внимателно соединете ги изматените жолчки со снегот од белки. Мешајте со лажица или шпатула.

Во смесата додајте брашно, прашок за печиво и мелени ореви. Со превртување, полека изедначете ја смесата и внимавајте да не „спадне“, туку и натаму да остане пенлива и воздушеста. Подгответе го големиот плех од рерна и обложете го со хартија за печење.

Од приготвената смеса излејте половина и рамномерно распоредете врз целата површина на плехот. Рерната загрејте ја добро на 200 степени, па ставете да се пече бисквитот околу 15-тина минути (проверете со чепкалка). На ист начин испечете ја и втората кора.

Приготвување на првиот фил: 150 мл млеко ставете го во тенџере на рингла и загрејте го додека да зоврие. Потоа попарете ги мелените ореви и промешајте. оставете ги на страна целосно да се оладат. Путерот исечкајте го на листови и оставете го да омекен на собна темепратура.

Потоа додајте му шеќер во прав и пенасто изматете го со електричен миксер. Лажица по лажица во него додавајте ги целосно изладените ореви претходно потопени во млекото. Проверете со прст дали оревите се изладени, не ги додавајте претходно затоа што ќе ви го растопат путерот.

Подготовка на вториот фил: Ставете половина литар во тенџере на рингла и загревајте на умерена температура. На страна убаво изматете го пудингот со 100 мл млеко да нема грутчиња, па полека додавајте го во зовриеното млеко. варете го со постојано мешање додека да згусне.

Пудингот тргнете го на страна и оставете го целосно да се олади со повремено мешање за да не фати коричка. Или пак, можете да го покриете со проѕирна фолија и така да го оставите да се лади. Путерот исечкајте го на листови и оставете го да се олади на собна температура.

Пенасто изматете го заедно со шеќерот во прав, па додека постојано матите, започнете постепено да го додавате целосно изладениот пудинг. Матете додека убаво да се изедначи и да добиете убава кремозна смеса. И овде внимавајте, пудингот да го додадете ладен, никако порано.

Печената кора откако целосно ќе се олади, премачкјате ја со половина од првиот фил. Наредете две банани и свиткајте во ролат. На ист начин свиткајте го и вториот ролат. Значи, двете кори се премачкуваат со првиот фил приготвен со оревите, се филуваат со банани и се виткаат во ролат.

Ролатите сечете ги на парчиња со дебелина од 2-3 см или по ваша желба, ова обично зависи од тоа колку парчиња сакате да добиете и колкава големина на калап за торти ќе користите. Наредете еден ред парчиња на дното од калапот кој претходно сте го обложиле со фолија.

Одвојте половина од вториот фил и премачкајте како втор слој, врз парчињата ролат. преку филот наредете исечени банани (погледни фото). Врз бананите рамномерно распоредете го остатокот од вториот фил и убаво израмнете ја површината.

Потоа наредете ги исечените парчиња од вториот ролат, на ист начин како и од првиот ролат. Парчињата наредете ги густо, да бидат едно до друго. Тората оставете ја во фрижидер неколку часови или преку цела ноќ за убаво да се олади. Потоа отстранете го обрачот.

На страна изматете слатка павлака или шлаг крем по ваш вкус и избор, па убаво премачкјате ја целата торта, одозгора и на страните. Можете да ја прелиете со некоја чоколадна глазура, да ја декорирате со ѕвездест шприц за шлаг… но сосем е доволно и само да се нароси со рендано чоколадо. / Coolinarika.com

уживајте во вкусот