Судбина: кај народот често се говори дека животот се врти во круг. Дали тоа е вистина?

Дали сте помислиле дека ја преживувате судбината на вашата мајка, тетка, баба? Или дека ова што ви се случува веќе сте го преживеале на малку поинаков начин пред десет години.

Судбината не е чисто нижење на годините од раѓање до смрт, без никаква смисла. Секоја година е полна со можности за бизнис, љубов, патувања, уметност… Езотеристите објаснуваат дека често се повторуваат слични настани или запознаваме луѓе кои не’ потсетуваат на познаници од минатото.

Таквото повторување не е случајно, се случува во правилни растојанија.

Дали и кога нешто ќе се повтори во вашиот живот – можете да дознаете според годините кои носат свои типични обележја.

Судбина: секоја десетта

Ваквите години се повторуваат носејќи слични работи, настани, можности за делување… особено е интересна секоја десетта година која се повторува од роденден до росенден, за секој човек посебно:

  1. – 10.
  2. – 22.
  3. – 34.
  4. – 46.
  5. – 58.
  6. – 70.
  7. – 82.

Врвот на нашите можности, нашата лична цел. Покажува каде започнуваат а каде завршуваат амбициите, успесите и почестите.

Носи одговори на прашањето за професионален статус и негов развој.

Го покажува она што можеме и што сакаме да го постигнеме, за предностите кои можеме да ги очекуваме и со чија помош можеме да сметаме на социјалниот и јавен живот.

За жените таткото се појавува како авторитет и односот кој го имаме кон него, за мажите – тоа е мајката.

До израз доаѓаат нашите работи, награди, успех, слава, статус, кариера, животен повик.

Го довршуваме започнатото. Судбината вели дека тоа е година за постигнување на цели, извршување на задачи и спотигнување на смислата на животот.