Сочна и мека ЈОГУРТ ПИТА со готови кори…Готова додека свариш кафе…
Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за пита со јогурт и готови кори. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г кори за пита
7 јајца
1 рамна лажица сол
1 литар течен јогурт
1 лажица масло за подмачкување на тавата
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со сол, а потоа додајте го јогуртот во тенок млаз додека непрекинато матите со миксерот.
Намастената тепсија обложете ја со 4 кори, но така што само со половината да го покриваат дното, а со другата половина да излегуваат надвор. Потоа земете една кора, грубо згужвајте ја во топка и натопете ја во мешавината од јајца.
Ставете ја внатре во тепсијата и продолжете ја постапката додека да се исполни еден ред. Потоа растресито покријте со 2 искинати кори и продолжете ја постапката.
Завршете со суви кори и покријте одозгора со долните кои кои висеа надвор од тепсијата. Одозгора сипете го преостанатиот фил и посипете сусам. Печете 30 минути во загреана рерна на 200 степени.
Деталите за подготовка погледнете ги во видеото ОВДЕ: