I РЕЦЕПТ – Компир салата со моркови и кисели краставички – ПОСНО. Сочна и едноставна сталата која кај мене дома за час се изедува, многу е вкусна па може редовно да ја приготвувате, а особено е погодна за посни денови. / Видео презентација на Ивана од „Шерпица“.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 150 г целер, 1 главица кромид, 500 г морков, 250 г посен мајонез, 200 г кисели краставички, 1 лажица сенф. И уште: малку сол, малку црн пипер, неколку лажички од течноста од теглата на киселите краставички

ПОСТАПКА: Зеленчукот добро измијте го и сварете го со кора. Оставете да излади па излупете го. Краставичките ситно изрендајте ги, измешајте ги со мајонез, сенф, посолете и запиперете. Додајте и киселина од теглата на краставичките. Компирот исечете го како за потенок помфрит.

Салатата ја филував на чинија врз која ставив калап. Редете: компири, премаз од кисели краставички, рендан морков и целер, пак компир и така наизменично. Оставете ја салатата во фрижидер да се стегне и да се спојат вкусовите. Извадете од калап и декорирајте по желба.

Салатата можете да ја измешајте и во чинија, стаклена или декоративна, каква имате, па да ја декорирате по ваш избор и вкус. Деталите од целата постапка на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II Рецепт – СОЛЕНА ТОСТ ТОРТА

Потребни состојки: 1 пакување тост леб, 1 конзерва туна (180 г), 1 лажица сенф, 1 лажица посен мајонез, 1 рендана кисела краставичка, вода од киселите краставички, 300 г ајвар.

Постапка: Тост лебот кратко натопете го во водата од краставичките, па редете го на долгнавеста чинија за сервирање. Во првиот ред наредете 4 тост лепчиња по должина. Преку лебот намачкајте половина од ајварот, па наредете втор слој лепчиња.

Измешајте туна, сенф, посен пајонез и краставички, па со половината од оваа смеса премачкајте го лепчето. Наредете следен ред лепче, па премачкајте со ајвар. Па преку последниот ред тост лепчиња премачкајте со остатокот од филот со туна.

III Рецепт – БОГАТА ПОСНА ТОРТА СО ШАМПИЊОНИ

Потребни состојки: 1 пакување кори за розен торта, ½ маргарин, 150 г ајвар, 150 г посен димен кашкавал или тофу сирење, 300 г шампињони, 4-5 лажици спанаќ, 6 лажици густин.

Постапка: Сварете 500 мл вода со 6 лажици густин и малку сол. Кога ќе излади изматете половина маргарин и поделете го на три дела. Во првиот дел додајте 150 г ајвар, во вториот дел додајте 150 г рендан кашкавал и во третиот додајте 300 г шампињони.

Посебно сварете 4-5 лажици спанаќ и измешајте со малку брашно. Редете: кора – 1 фил, кора – 2 фил, кора 3 фил – спанаќ, кора – 3 фил, кора 2 фил, кора 1 фил.

IV Рецепт – ПОСНА ТОРТА СО КРЕКЕРИ

Потребни состојки: 300 г посни крекери, 150 г маргарин, 200 г посен мајонез, 1 лажица сенф, 2-3 кисели краставички, 2 варени моркови, 2 варени компири, 50 г печен сусам, 50 г печени кикирики.

Постапка: Маргаринот изматете го пенесто. Потоа додајте мајонез и сенф па заедно добро изматете ги, такашто ќе добиете изедначен крем. Морковот, компирот и киселите краставички исечете ги на коцки, а потоа измешајте ги со кремот. Уште еднаш добро промешајте да се спојат состојките.

На чинија за сервирање наредете ред крекери претходно натопени во малку вода. Преку нив наредете ред фил, па повторно крекери и фил и се така додека да ви се потроши материјалот.

Тортата премачкајте ја со посен мајонез, а потоа украсете со печен сусам и кикирики. Оставете во фрижидер да излади а крекерите да го впијат филот. Најдобро би било тортата да отстои преку ноќ, а доволни се и 2 часа.

V Рецепт – ПОСНА САЛАТА СО ОБЛАНДИ

Потребни состојки: 3 листа обланди, 250 г маргарин, 250 г мајонез, 50 г сенф, 100 г печен сусам, 1 лимон – сок, 2 лажици ајвар, 50 г печени кикирики, 50 г блитва.

Постапка: Маргаринот пенесто изматете го а потоа помешајте со мајонез, сенф, сусам и лимонов сок. Добро измешајте ги за да се изедначи смесата, а потоа поделете ја на три еднакви дела. Во првиот дел додајте ајвар, во вториот додајте претходно обарена блитва, а во третиот сечкани кикирики. Сите три смеси посебно измешајте ги за убаво да се изедначат.

Првиот лист обланда премачкајте го со смесата од ајвар, ставете го вториот лист обланда, па преку него смесата од блитва, па третиот лист обланда и на крај смесата од кикирики. Рамномерно распоредете по целата торта од оваа последна смеса, а по вкус додадете уште малку печен сусам одозгора. Оставете ја тората да излади и омекне.

VI РЕЦЕПТ ПОСНА САЛАТА: Совршена комбинација од туна и компир. Сите ваши сетила ќе бидат задоволени. Оваа салата можете да ја јадете и кога не постите.

Многу вкусна комбинација од сусам, туна, мајонез и лук. Посна верзија, но доколку не постите можете да ја направите со обичен мајонез. Одлична е како прилог, но честопати се користи и како оброк салата. Уживајте во убавиот вкус.

Потребни состојки: 1,300 г компири, 200 г мајонез (посен или обичен, може и повеќе ако сакате покремаста варијанта), 100 г печен сусам, 200 г туна од конзерва, 1 китка магдонос, 2 чешниња лук (може и во прав), 1-2 лажички сол (по вкус) и 2 лажички оцет

Постапка: компирот сварете го во лушпа, па излупете го и исечкајте го на коцкички. Сусамот суво пропржете го да замириса. Измешајте мајонез, туна (заедно со маслото од конзервата), ренданото лукче, исечканиот магдонос, оцетот, посолете па измешајте со компирот.

Послужете веднаш, но најдобро е да отстои еден час и да се спојат вкусовите. Одозгора наросете сусам.