Досадните нишки кога се обидувате да исчистите кочан од пченка пред да ја сварите, најчесто завршуваат во ѓубре. Тоа е пченкарната свила, која е позната по своите лековити својства. Пченкарна свила често се фрла затоа што луѓето не се запознаени со нејзините лековити својства.

Од пченкарната свила се прави многу лековит чај кој помага во лекувањето на многу заболувања. Чајот од пченкарна свила е добро познат лек уште од времето на Индијанците 5000 година п.н.е. Истражувањата денес покажуваат дека имале право да го сметаат овој чај за лек, бидејќи е богат со антиоксиданси и помага во бор-бата во лекување на многу здравствени проблеми.

Хемиски состав на пченкарната свила. Пченкарната свила содржи аминхорденин, 2% масти, 12% полифеноли, 3% сапонини, алантоин, флавоноиди, фитостероли, гликозиди, витамини Ц и К и калиумови соли.

Пченкарната свила содржи и есенцијално масло, смола, алкалоид кој има способност да ги затега кр-вните садови. Исто така содржи хлорофил, фосфорна киселина и многу манган. Содржи есенцијални протеини, минерали, јаглехидрати, витамини и скапоцени растителни влакна.

За што е добар чајот од свила од свила?

Пченкарна свила се користи како лек многу долго време. Познато е дека е навистина многу корисна кај некои болести, како и дека не остава штет-ни последици и нема определено дозирање.

Пченкарна свила, во форма на чај, е една од најсилните природни диуретици. Со консумирање на овој чај, количината на излачена урина може да се зголеми за неколку пати во рок од 24 часа, без штет-ни последици. Има антиинфламаторно дејство и ги штити и смирува уринарниот тракт и бубрезите.

Го забрзува производството на урина, без предизвикување на иритација на веќе иритираниот уринарен тракт. За третман на воспалени уринарни патишта, пченкарната свила може да се комбинира со увин чај.

Комбинација од пченкарна свила и ајдучка трева е добра за циститис. Чајот од пченкарна свила ги намалува грчевите во бубрезите, ако го користите подолго време, ги раствора камењата во бубрезите и исфрла песок од бубрезите. Консумирајте чај или тинктура во текот на денот (4 – 5 часа пред спиење) за зајакнување на ослабениот уринарен систем и при проблеми со уринарна инконтиненција.

Чајот од пченкарна свила се користи како лек против инфекции на мочниот меур, воспаление на бубрезите, уринарниот тракт, воспаление на простатата. Го стимулира излачувањето на урината и бактериите од телото, поради што е од голема помош при воспаление на мочниот меур и инфекции на уринарниот тракт, како и камења во бубрезите.

Со излачување на поголема количина на урина, телото ослободува вишок фосфор и протеини, што значително ги намалува ревматските проблеми, проблеми со гихт кои се придружени со б олка во зглобовите, проблеми со зголемена количина на вода и значително го намалува отокот на нозете.

Така, во народната медицина, чајот од пченкарна свила се користи за исфрлање камења и песок од бубрезите и мочниот меур, против гихт, хроничен нефритис и слични болести, како и против ревматизам и ревматоиден артритис, најчесто во форма на чај или тинктура наменети за внатрешна употреба.

Поради изразениот диуретичен ефект, чајот од пченкарна свила може да ви помогне и за губење на тежина (секако, со правилна диета и вежбање), бидејќи со негова помош вашето тело брзо ќе ги исфрли сите штет-ни материи.

Помага при сла-беење и предменструални тегоби. Редовното консумирање на овој чај го одржува правилниот тек на циркулацијата, ја штити кр-вта и ја олеснува работата на црниот дроб.

Пченкарна свила понекогаш се користи во третман на бенигна хиперплазија на простата, против хепатитис, како антидијабетик за дијабетес, а исто така, има корисен ефект за срцеви проблеми, го намалува високиот кр-вен притисок, го елиминира заморот и го намалува нивото на лош холестерол.

Чај од пченкарна свила како природен лек за намалување на килограмите

Пченкарна свила е сигурно и безопасно природно средство за губење на тежината.  Има природни антиоксидантни својства и е добар диуретик, затоа ви помага да се ослободите од ток-сините од телото и да го исфрлите вишокот течности, со што се забрзува метаболизмот и помага во слабеењето. Исто така се препорачува и за намалување на целулит.

Начин на подготовка и употреба на чајот

Истурете една лажичка пченкарна свила во чаша (200 мл) ладна вода и оставете да зоврие. Поклопете го садот и оставете го да отстои 10 минути по зовривањето. Процедете и пијте трипати на ден по чаша незасладен чај.

Со пиење на овој чај, за само еден ден, количината на излачена урина може да се зголеми неколку пати, без штет-ни последици. Не се препорачува да пиете чај неколку часа пред спиење. Вкусот може да се подобри со лимон. Не засладувајте го чајот.

Чај за уринарен тракт

Чајот се подготвува со натопување 1 лажица сува пченкарна свила во чаша врела вода, да отстои 15 – 20 минути, поклопен. Додајте мед по желба и можете да пиете 3 чаши на ден.

Може да се дава и на деца од чајот ако имаат проблеми со ноќно мокрење или луѓе кои имаат инфекција на уринарниот тракт. Избегнувајте го овој чај пред спиење. За видливи ефекти треба да го пиете секој ден, барем една чаша.

Активните состојки на пченкарната свила го олеснуваат излачувањето на урината, затоа се користи за воспаление на мочниот меур, простата, инфекции на уринарниот тракт, ноќно мокрење, ги ублажува предменструалните проблеми, ги ублажува воспалителните процеси во уринарниот тракт.

Во народната медицина, чајот од пченкарна свила ги ублажува грчевите во бубрезите. Ако се користи подолго време, се верува дека го раствора каменот и исфрла песок од бубрезите. Исто така, помага при болести на уринарниот тракт, воспаление на мочниот меур и го елиминира намаленото испуштање на урина.

Чај од пченкарна свила против затнување на кр-вните садови

Во чаша ставете 1 лажичка сува пченкарна свила. Чајот се пие во текот на денот во голтки. Но, не консумирајте го ако веќе користите некои лекови против згрутчување на кр-вта (антикоагуланти).

Доволно е да испиете 400 мл од овој чај за превенција од разни болести и подобрување на здравствената состојба. Овој чај нема никакви нуспојави или други несакани ефекти.

Ограничувања на употребата: Не се препорачува да се консумира за време на бременоста и дое-ње. Доколку сте алергични или имате некои проблеми при консумирање на чајот, престанете со негова употреба. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска