Кокичето (лат. Galanthus) е најпознатото ранопролетно цветно растение. Всушност, кокичето е предвесник на пролетта. Повеќето видови на кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат прекрасни цветови, но неретко се среќаваат и во диви, во природата.

Потекнува од Медитеранот, односно се смета дека води потекло од планинските шуми на Турција. Лесно ги поднесува ниските температури. Тие се распространети најмногу во умерениот климатски појас, каде има снежна студена зима.

Тие се првите растенија кои цветаат во пролет, и тоа пред да се стопи целосно снежната покривка. Некои видови се распространети и во топлите краеви, но ги има и по влажни предели. Се појавуваат на планините по топењето на снеговите.

Најпознат вид на кокиче е Galanthus nivalis. Расте во висина од 7-15 см и цвета помеѓу јануари и април. Спаѓа во групата на перенијални растенија, кои растат од луковица. Секоја луковица произведува по два линеарни остри листови, а помеѓу нив се појавува еден осамен, бел цвет, во форма на ѕвонче.

Може да се садат на длабочина околу 10 см во текот на рана есен. Вообичаената боја на кокичињата е бела и личат како капки млеко кои висат од стеблото, па оттаму го добиле и името – од грчкиот збор „gala“ (млеко) и „anthos“ (цвеќе), што значи млечно-бели цвеќиња.

За да изгледаат подекоративно во градината, најдобро е да се садат во групи од повеќе луковици заедно. На тој начин даваат величенствен поглед на снежна белина. Откако ќе прецветаат може да се разделат, но не секоја година, односно откако ќе забележите дека станале прегусти. Освен по својата декоративност и нежна убавина како прво пролетно цвеќе, кокичето се користи и за приготвување на лекови.

Пишува билкарот Мартин Најдовски: Тинктура од кокиче. Доколку имате било какви прашања околу приготвувањето или користењето на препаратот, можете да го прашате Мартин за сè што ве интересира, на неговата фан страница Лилма.

“Тинктурата од кокиче веќе со години ја правам и е одлична за реума, ишијас, болки во мускулите, болки во ‘рбетот, коски, артритис и слично. Потребна е претпазливост со користењето на оваа тинктура, бидејќи кокичето во себе содржи и некои о-тровни супстанции.

При контакт со осетливи делови на кожата може да се појави осип, па затоа е потребна внимателност при ракувањето. После користењето на тинктурата, задолжително убаво измијте ги рацете и не заборавајте дека не треба да се допирате на лицето, очите, носот или устата – предупредува билкарот.

Тинктурата од кокиче покрај останатото, исто така е одлична и при настинка и грип, бидејќи поттикнува потење, а со тоа најлесно и најбрзо се исфрлаат токсините од телото. Во народната медицина се употребува и кај проблеми со видот, церебрална пара-лиза, освежување на умот (когнитивни способности), за памтење и слично.

НЕ ПРЕПОРАЧУВАМ, да се користи внатрешно бидејќи е доста о-тро-вно и секое нестручно дозирање може да доведе во несакна с-мрт. Еве како се приготвуваат тинктурите за надворешна употреба кои се користат за третирање при настинки и б-олки во мускули, зглобови или грб.

I Тинктура од kокиче за б-олки: 40 кокичиња, надземен дел, лист, цвет и стебло се закиснуваат во 1 литар ра-кија (40-50%). Се остава да отстои затворено 40 дена со повремено протресување, а потоа се процедува и се употребува по потреба. Со оваа тинктура се мачкаат болните места.

II Тинктура при настинки и грип (за надворешна употреба): 60 кокичиња и 700 мл ра-кија. Се мешаат во стаклен сад и се оставаат да остстојат 40-45 дена со повремено протресување. Потоа се процедува, се складира во чисто стаклено шише и се користи по потреба.

Се премачкуваат грбот и градите со нежно површинско триење без притискање, се ставаат весници брз третираната област или се облекува дебела и топла облека, се завиткува и се одмора. Лицето штом се испоти се пресоблекува и третманот е завршен.” – советува Мартин Најдовски.