Дијареата се дефинира како состојба во која се нарушени метаболитичките процеси во дигестивниот систем, што резултира со најмалку 3 течни столици во текот на еден ден. Но, дијареите најчесто се проследени и со повеќе типични симптоми, како непријатна стомачна болка, грчеви, гадење и повраќање, температура итн. Сите овие симптоми водат кон значително губење на течностите во организмот.

Најчестите причини за дијареата се инфекциите на гастроинтестиналниот тракт предизвикани од некакви патогени микроби – бактерии (или само бактериски токсини кои се наоѓаат во некаков вид храна), вируси или некакви паразитски организми. Ваквите инфекции го нарушуваат нормалното функционирање на дигестивниот систем и ги предизвикуваат типичните симптоми.

За најчести предизвикувачи на дијареата се сметаат бактериите од родовите Salmonella, Campylobater, Shigella и Escherichia coli или само нивните токсини. Најчестите причинители на вирусните инфекции кои за симптом ја имаат дијареата, особено кај децата, се инфекциите од различните ротавируси.

Покрај патогените микроорганизми, причинители на дијареата можат да бидат и: лактозна интолеранција, некаква алергија на храна, несакан ефект од некаква терапија со медикаменти, некакво друго потешко дигестивно заболување, некаков вид на дигестивни хируршки интервенции.

Доколку имате хроничен проблем со дигестијата, потребно е да се јавите на лчекар кој ќе ви ги направи потребните лабораториски анализи и понатаму ќе ја менаџира вашата состојба, но доколку имате лесен облик на дијареа, тогаш истиот може да се реши и без лекови.

СПУШТЕН СТОМАК

I СЕМЕ ОД ПИСКАВИЦА. Семето од пискавица, познато кај народот уште и како „грчко семе“ е еден од најдобрите природни лекови кога станува збор за дигестијата и здравјето на цревата. Ова семе содржи голема количина на слуз која ја штити слузокожата и ја спречува дијареата. Измешајте лажичка семе со две лажици јогурт/пробиотик, соџвакјајте и проголтајте.

II ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА. Оваа повеќенаменска намирница помага кај слабеење, но и кај балансирање на цревната микрофлора. Јаболковата киселина ефикасно помага во спречување на бактериите кои предизвикуваат дијареа. Во една чаша вода ставете лажица јаболкова киселина. мешавината пијте ја двапати дневно.

III БЕЛ ОРИЗ. Обичен, варен бел ориз од памтивек се користел во борбата против желудочни тегоби, бидејќи лесно се дигестира и не предизвикува мачнини ниту иритации на желудникот. Изедете една мала порција варен и сосем малку посолен бел ориз. Кога ќе почувствувате глад, повторно изедете мала порција.

IV БАНАНА. Ова слатко и вкусно овошје важи како „затворач“ или „стегач“ кога станува збор за дигестијата и претставува идеален борец против дијареа. Содржи голема количина на пектин кој се препорачува кај тегоби со желудникот и цревата. Исто така, содржи многу калиум и електролити кои телото ги губи со прекумерното исфрлање на течности. Во текот на денот изедете две-три зрели банани.

V КАМИЛИЦА И НАНЕ. Овие мирисни билки се антиспазмодици кои го смируваат желудникот и спречуваат грчеви и дигестивни пречки. Делуваат противвоспалително и претставуваат одлични борци против подуеност и желудечни тегоби. Направете чај од лажичка камилица и нане. Оставете поклопено да отстои 5-10 минути, процедете го и пијте го незасладен во текот на целиот ден.

VI РЕХИДРАТАЦИЈА. Според Светската здравствена организација, дури 90% од полесните случаи на дијареа можат ефикасно да се третираат само со доволното пиење на вода, односно со оралната рехидратација. Заедно со водата, се губат и минералите, па најдобро би било да се пие вода со одредена минерална содржина или да се пијат електролитни пијалаци.

VII ИСХРАНА. Јадете храна богата со калиум, како што се компирите (излупени), банани, но и овошни сокови без додаден шеќер. Јадете повеќе супи и посолувајте ја храната малку повеќе од обично. Консумирајте намирници богати со растворливи растителни влакна, како што се банани, овес, интегрален ориз, двопек и др. кои ќе помогнат за згуснување на столицата.

VIII ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВА: Процесирана храна (чипсови, смоки, сладолед, колачиња и сл.), било какви газирани пијалаци, пржена храна, млечни производи, гуми за џвакање, бомбони, суво овошје, кофеински пијалаци, храна или пијалаци богати со магнезиум, храна со вештачки засладувачи или лута храна, полнозрнаста храна богата со нерастворливи растителни влакна.

IX ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД ДУЊА. Чајот од листовите на дуњата е одличен природен лек за запирање на дијареата. Подгответе го чајот на тој начин што неколку суви листови од дуња (еден грст) ќе ги прелиете со половина литар зовриена вода. Оставете поклопено да отстои 30 минути, па процедете. Чајот козумирајте го топол.

X СУПА ОД МОРКОВ. варениот морков ја спречува дијареата предизвикана од бактерии кои се отпорни на антибиотици. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг морков, 1 прстофат сол и 2 литри вода. ПОСТАПКА: Морковите се чистат убаво и се сечат на помали парчиња. Се ставаат во тенџере и се преливаат со вода.

Супата сее посолува со неколку зрна сол и се става на оган да се готви на тивко до умерено, додека да се преполови течноста, односно да се намали на еден литар. Потоа со рачен миксер се блендира за да се добие крем-супа. Се консумира во текот на денот.