Шампита која го задржува својот облик и по 3 дена, успева секој пат, а се подготвува многу брзо и лесно. Рецепт на Аријева Кујна. Многу е мека, воздушеста, а својот облик го задржува и до 3 дена, доколку не ја изедете веднаш.




„Шампитата е старински колач кој или го сакате или не го сакате, нема средина. Многу ме прашуваа дали имам рецепт за шампита без топење на шеќерот и правење шербет, а овој рецепт е токму таков,” – вели Санела.




Потребни состојки за кора: 8 жолчки со средна величина, 8 лажици шеќер, 8 лажици масло, 8 лажици млеко, 8 лажици брашно, половина мала лажичка прашок за печиво.




За шампита: 8 белки, 24 лажички шеќер, 1 лажичка лимонов сок, неколку капки екстракт од ванила или 2 кесички ванилин шеќер. На 1 жолчка оди по 1 лажичка млеко, масло и брашно. На една белка со средна величина одат по 3 лажички шеќер.




На голема белка одат 4 лажици шеќер, а на мала 2. Нa 1 јајце со средна големина оди по 45 г шеќер, ако јајцата се големи, тогаш 60 г шеќер по јајце. Запомнете, подобро е да ставите повеќе шеќер отколку недоволно.




Постапка: За подготовка на кората, во еден сад додајте ги жолчките заедно со шеќерот и матете со миксер 2 минути додека да се формира кремаста смеса. Потоа во смесата се додава маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво и се мати со рачна жица до соединување.




Јас шампитата ја сакам висока, па затоа смесата за кора ја печам во помал калап (со димензии 24×24), но доколку сакате да е поголема, но пониска може да ја печете и во плех по ваш избор. Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 7-10 минути со повремено проверување.




Подготовка на шлагот: Во помало тенџере кое собира 1,5 л се додава 1/3 вода и во него се става уште еден сад во кој претходно сте ги ставиле белките и малку сте ги разматиле заедно со шеќерот, ванилиниот екстракт и лимоновиот сок.




Важно е само садот со белките да не ја допира водата која што е во тенџерето. По зовривање на водата, ринглата се намалува на средна температура и се остава да се готви 10 минути со мешање. За ова време јајцата ќе се пастеризираат.




Покрај тоа, ќе забележите како смесата ќе стане поретка, а шампитата ќе биде цврста, без течности и ќе може да стои до 3 дена без да омекне или да се спушти. По изминати 10 минути, смесата се проверува со прст дали е готова.




Потоа садот на пареа се трга од тенџерето и се мати на најсилна брзина со миксер, 7-8 минути додека да се формира цврст снег. Може да треба и повеќе матење, во зависност од смесата, но тоа ќе си процените сами.

Се зависи од јајцата, важно е да изматите цврст шам, па дури и да матите 15 минути. Доколку смесата не е цврста, шампитата ќе спласне уште следниот ден. Најдобро е да користите стаклен или керамички сад за матење.

Шамот се премачкува врз кората која претходно ја испековте, добро се измазнува и се декорира по желба. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.