CМЕCА ЗА CИЛЕН ИМУНИTЕТ: Се јаде од почетокот на есента, па сè до пролетта – штити од настинки

Во пресрет на студеното време, многумина знаат дека би било добро да се зајакне имунолошкиот систем. Особено сега кога продолжуваат вестите за пандемијата. Во вакви случаи, најчесто помислувам на пастата на д-р Амосов – докажан начин за зајакнување на срцето и подобрување на целокупната здравствена благосостојба. Но, ова не е единствениот начин за зајакнување на имунитетот, а многумина и не можат да си го дозволат.




Познатата паста од јатки и сушено овошје содржи голема количина мед. И покрај фактот дека е многупати покорисен од шеќерот, особено од белиот, сепак, за некои лица медот е силен алерген и не можат да го конcyмираат. Покрај медот, постојат и лица кои не можат да ги јадат јатките или сувото овошје.




За среќа, постои алтернатива, доста успешна и ефикасна кога станува збор за зајакнување на имунитетот. Во овој рецепт се користи шеќер, но за сите оние кои немаат никаков проблем со медот, слободно нека го заменат шеќерот со домашен, квалитетен мед. Рецепт за зајакнување на имунитетот:




Овој рецепт не содржи мед, јатки и сушено овошје, туку се состои од едноставна комбинација на лимон, ѓумбир, лимети и шеќер. За разлика од пастата на д-р Амосов, оваа смеса делува наменски за спречување на настинки и може да се користи дури и како природен лек при забележување на првите симптоми на настинка.




Добро е да се јаде оваа смеса во текот на целиот зимски период, односно од почетокот на есента, па сè до завршетокот на пролетта, кога настинките се најинтензивни. Придобивките од лимета и лимон: која е разликата?

За многумина, лимонот и лиметата се практично едно исто. Па дури иако овие агруми се најблиските роднини, нивното влијание врз телото е многу различно.




Лиметата има петпати повеќе витамин Ц. Но, сепак пошироката јавност лимонот го смета за рекордер по содржина на аскорбинска киселина.

Лиметата исто така, содржи фолна киселина, што е од суштинско значење кога станува збор за закрепнувањето.




Лимонот, пак, содржи повеќе органски киселини, како и пектин и витамини од групите Ц, Б, ПП, Е. Подобро ги отстранува ток-сините и го забрзува метаболизмот. Покрај тоа, не е толку горчлив и кисел (се мисли на целиот плод, заедно со кората). Заедно, овие две агруми ќе обезбедат максимална поддршка за вашиот имунолошки систем.

Придобивки од ѓумбир. Малкумина знаат, но коренот на ѓумбир е незаменлив кога станува збор за опорување после тру-ење со храна, га-дење и замор.




Го подобрува целокупното здравје: го зајакнува нер-вниот систем и имунитетот, се б ори со патогените бактерии и го зголемува производството на топлина. И ова не е сè, придобивките од ѓумбирот се навистина големи.




РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 органски лимони, 1 поголем корен од ѓумбир, 3 органски лимети, 1,5 кг шеќер (или мед).

СОВЕТ: вкупната тежина на овошјето заедно со ѓумбирот треба да биде 1 кг, бидејќи односот на шеќер треба да биде 1 до 1,5. Ова ќе помогне да се зачува смесата на природен начин и да се продолжи нејзиниот рок на траење, секако, доколку се чува во фрижидер.




ПОСТАПКА: Лимоните и лиметите доколку не се органски, тогаш истретирајте ги во раствор со сода бикарбона и оцет. Измијте ги и исечете ги на парчиња со големина која е погодна за да влезат во блендер или машина. Семките извадете ги и не заборавајте: не треба да ги лупите.




Сомелете ги сите состојки. Треба да добиете хомогена кашеста маса. Додајте го шеќерот (за сите останати кои немаат проблем со мед, наместо шеќер може да стават мед), промешајте и оставете ја смесата два часа додека кристалите да се растворат целосно.

Смесата складирајте ја во претходно стерилизирани тегли, затворете ги добро со чисти капаци и чувајте ги во фрижидер. Јадете секое утро по една супена лажица, а по потреба и повеќе во текот на денот.

Претходна статијаШАМПИТА КОЈА ГО ЗАДРЖУВА СВОЈОТ ОБЛИК И ПО 3 ДЕНА, без сварен сируп, успева секој пат
Следна статијаТОРТА ЗА КОГА НЕМАТЕ ВРЕМЕ, без печење, брашно и желатин, веднаш ќе ви се најде на трпеза