СЕЛСКА ПИТА…Лисната и полна со сирење…пита што се топи во уста…

Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за селска пита исполнета со сирење. Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
250 мл топла вода
10 г сув квасец
50 мл масло
2 јајца
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
600 г брашно

За фил:

400 г сирење
2 јајца

И уште:
100 г маргарин на собна Т
сусам
јајце за премачкување

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете средно меко тесто. Оставете го покриено да ферментира половина час, па премесете го и поделете го на 8 топчиња.

Откако повторно ќе одморат 15-тина минути, секое отворете го во тенка кора со големина на тепсијата во која ќе се пече питата (со средна големина).

Редете ги една врз друга во тепсијата, секоја премачкувајќи ја со путер и посипувајќи фил. одозгора премачкјате со јајце, посипете сусам и површинаки засечете ја на триаголници.

Покријте ја да одмори 20-тина минути, па печете ја во загреана рерна на 200 степени 40 минути или додека да зарумени. Деталите за подготовка погледнете ги во видеото ОВДЕ: