Рецепт за сарма кој стана апсолутен хит

Во смесата за сарма секогаш додадете малку суво месо, па сармата ќе добие пофин вкус, но сепак треба да внимавате на количината за да не добие пресилен вкус – советува шефот Берислав.

Ако веќе сте одлучиле да ставите суво месо во сармата, задолжително проварете го претходно- советува тој. Но не само поради интензитетот на вкусот на ова јадење, туку и за една друга работа: „Многу е важно киселата зелка пред приготвувањето да ја измиете за да не биде пресилна сармата“. Кога ќе завршите со сите подготовки и ќе издинстате кромид, потребно е сите состојки да ги измешате во една изедначена смеса, па дури потоа виткајте ја сармата.

Земете дел од смесата, обликувајте и ставете врз лист зелка. Месото нежно завиткајте го а краевите пресвиткајте ги навнатре, за да не ситекува смесата. На дното од лонецот, пред да ги наредите сармите, ставете кожа од сланина.

На тој начин ќе спречите сармата да загори – тврди шефот Берисав. После сланината, наредете малку рендана зелка врз која ќе ги редите сармите. Кога ќе ја искористите целата смеса и ќе го наполните лонецот со сарми, одозгора наредете го остатокот од исечканата зелка.

Сармите гответе ги најмалку час и половина. На крај можете да ја запржите сармата со малку брашно и црвена пиперка или со полесна варијанта со пире од домати.

Исто така, можете да ја приготвите и полесната варијатна, а ко немате време за виткање на сармата. Смесата пригответе ја на вообичаен начин, а листовите обложете ги во калап за куглов. Наредете ја смесата и затворете ја сармата – куглов. Печете вообичаено.

Претходна статијаСпоред научниците, путерот од кикирики и лешници придонесува за здрави гради и превенција од тумор
Следна статијаОтежнатото искашлување може да има последици по здравјето, па затоа треба навремено да се реагира