Според научниците, путерот од кикирики и лешници придонесува за здрави гради и превенција од тумор

Новото истражување откри дека жените кои редовно јадат путер од кикирики или лешници, како и други извори на растителни блековини и масти, ги намалуваат шансите од добивање на рак на дојка за дури 39%.

Додека бенигните болести на дојка, како што се на пример цистите, и се всушност неканцерогени, некои нивни облици можат да го зголемат ризикот од развој на рак на дојка подоцна во животот.

Резултатите се засновани врз податоци кои се собрани од повеќе од девет илјади девојки и млади жени во склоп на истражувањето кое го спровела Медицинската школа на Харвард и болницата Бригхам. Ги истражувале прехрамбените навики на девојките од девет до 15 години во период од 1996 до 2001 година.

Loading...

Подоцна, од 2005 до 2010 година истите испитанички одговарале дали со биопсија им е дијагностицирана бенигна болест на дојка. Научниците дошле до заклучок дека девојките кои јаделе две порции путер од кикирики седмично имале дури 39% помала веројатност дека до 30 година ќе развијат некој облик на бенигна болест на дојката.

„Ова истражување докажува дека путерот од кикирики може да помогне во намалување на ризикот од добивање на рак на дока кај жените“ – вели Грејем Колдик од Медицинскиот Универзитет во Вашингтон.

За максимална заштита тој препорачува девојките двапати седмично да консумираат по 30 грама путер од кикирики во вообичаената исхрана.

„Во случај да се алергични на кикирики, можат да јадат путер од лешник. Го истражувавме и влијанието на гравот, леќата и сојата – и други извори на белковини и масти – па исто така забележавме поволен ефект. За оние кои се алергични на јаткасти плодови постојат многу алтернативи, објаснува Колдик.

Последните години се спроведени многу истражувања кои ги поврзуваат животните навики со превенција од рак на дојка. Претходното истражување покажало дека пиењето алкохол во текот на адолесценција може да го зголеми ризикот од добивање рак на дојка за дури 11%.

Loading...