Постои момент во животот кога мора да се побара лекарска помош за да се спречи нервен напад кој за жал би можел да има тешки последици како за болниот, така и за сите околу него.

Кога е вистинско време да се оди на психолог и да се побара адекватна помош – одговара доктор Горан Кликовиќ.

Психичките проблеми не ја поштедија ниту нашата нација, само што ние сме понеодлучни и срамежливи кога треба да побараме стручна помош. На психолог или психотерапевт се обраќаме во крајна нужда или кога проблемите зеле толкав залет што започнале да нèуништуваат, нас и нашето семејство.

Тоа не би смеело да биде така, бидејќи проблемите кои предизвикуваат стрес и депресија можат лесно да нè уништат.

Специјалистот за медицинска психологија на Клиниката за психотерапија, доктор Горан Кликовиќ одговара на некои важни прашања:

Кога е вистинското време човек да појде на психолог и да побара помош?

-Луѓето се обраќаат на психолог или психотерапевт тогаш кога имаат актуелна криза, пречки, тешкотии или кога симптомите толку ќе се зголемат до таа мера што повеќе не се поднесуваат.

Искуствата покажуваат парадокс – колку тешкотиите и трпењето се поголеми – толку е поголема и мотивацијата за соочување со проблемот.

Човекот тогаш е поподготвен и поистраен во тоа да ги согледува причините и последиците од проблемот. Кризата настанува кога животниот настан или стрес го надминуваат нашето искуство и актуелниот емоционален капацитет.

Преку процесот на работа врз себеси, во склоп на психолошкото советување, со текот на времето симптомите и тегобите се ублажуваат, бидејќи нивната сигнална функција губи на значај откако ќе се фокусираме на проблемот.

Кои се сигналите кои укажуваат на можен нервен напад и како да се препознаат?

-Сигналите се различни промени, односно појава на една специфична или општа дисфункционалност, но и трпењето кое го чувствуваме кога нашите капацитети не се доволни за да се адаптираат на промената, односно на некој животен настан.

Се манифестираат како промени во расположението, здравствени пречки, промени во однесувањето, неефикасност и така натака..

Да повториме, колку кризата е поинтензивна и трпењето поголемо, толку повеќе луѓето се придвижуваат и бараат спас. Ако пречките се поблаги и поподносливи, ние сме склони да се адаптираме, да го подигнеме нивото на адаптација и ги игнорираме сигналите.

Како да се ослободиме од стресот и неговото негативно влијание врз здравјето?

-Важно е да се поттикнеме и активно да пристапиме кон решавање на проблемот. Да се обидеме да согледаме што е тоа што во нашето искуство и животен стил што нè доведува до дисфункционалност и тегоби.

Барањето професионална помош од областа на ментално здравје е еден од начините поактивно и поамбициозно да ги согледаме причините за нашите проблеми и да го поттикнеме процесот за работа врз себеси.

Тоа е релативно долготраен процес, но единствено увидот во промените кои се случиле во некој дел од нашето емоционално искуство доведуваат до трајно решение.