Појадокот е зло и задолжително да го прескокнувате – тврди Лео Бокерија, прочуен кардиолог!

Познатиот кардиолог со години живее според овој принцип.

Популарниот советски и руски кардиолог, професор и академик на Руската академија за медицински науки и главен кардиохирург при Министеството за здравје на Руската Федерација, Лео Бокерија, се спротивстваи на идејата за традиционална исхрана.

Според неговите зборови, сè што досега знаевме за здравата исхрана е лага.

“Онаа изрека: Појадокот изедете го сами – е целосна бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се привикнува на работната состојба, а вие седнувате на маса и јадете чинија полна месо, корпа полна леб или некое масно тесто и сето тоа го полевате со некој вкусен напиток…

…Заминувате на работа со преполн стомак. Тогаш сте си тешки и на самите себеси…

Кога соработувавме со Американците, тогаш забележав дека големите хирурзи наутро пијат само кафе. Дури некаде на пладне јадат некој сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Дома си доаѓаат во вечерните часови кога јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмораат…

Значи, ако ме слушате мене: Појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови и никако пред спиење) и на крај прошетајте малку на чист воздух или направете лесни вежби пред спиење. Според моето искуство луѓето кои така живеат – живеат долго и здраво!”

Овој совет на познатиот руски лекар го потврдија и најновите истражувања спроведени на Корнел Универзитетот.

Научникот Дејвид левитски открил дека луѓето кои го прескокнувале појадокот во текот на неколку седмици, значително ја намалувале телесната тежина.

Оваа теорија ја потврдил со експеримент со цел да се одреди количината на храна која човекот ја внесува во организмот во текот на денот.

Половина од учесниците појадувале, а втортата група го прескокнувале појадокот. Втората група во организмот внесувале 408 калории помалку отколку првата група која редовно појадувале.

Според овој појадок, прескокнувањето на појадокот може да се смета како одличен систем за брзо губење на вишокот килограми.

“Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е во спротивност со сèшто знаете за здравата исхрана, но новите податоци не доведуваат до сериозно размислување да ги промениве старите навики и да се откажеме од првиот утрински оброк.

Секако, ова се однесува на здравите луѓе. Луѓето кои имаат проблем со дијабетес и хипогликемија, не смеат да ги прескокнуваат оброците за да го одржат нивото на гликозата”, вели Левитски.

Светската здравствена организација и натаму тврди дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и дека лицето кое редовно појадува има уреден метаболиза и нема проблем со вишокот килограми.

Односно, дека појадокот го забрзува метаболизмот. Меѓутоа и тоа се сложуваат дека претерано богатиот појадок може да доведе до дебелина. Но, нормалниот внес на калории и малите оброци повеќепати дневно можат само да им помогнат на дебелите лица полесно да ослабат.

Еве кои намирници не смеете да ги јадете според Светската здравствена организација: Колбаси, инстант каши, суво овошје (кое денес е повеќе штетно отколку корисно поради разните хемикалии кои му се додаваат за да се продолжи рокот на траење).

Потоа во забранетите намирници спаѓаат и муслите, кои содржат повеќе шеќер отколку било што друго, сокови во тетрапак кои се преполни со конзерванси, шеќери и бои, а исто така, тука ги вбројуваат и бананите и другото егзотично овошје, бидејќи се прскаат безброј пати на патот кон вашата земја.

Меѓу штетните намирници се најде и крем сирењето за кое се смета дека е чиста маст која се лепи за нашите црева. За приготвување на крем сирењето се користи сирење кое веќе не може да се продава во својот прв облик, бидејќи најверојатно му поминал рокот – сметаат тие.