Алтернативната медицина се користи уште од дамнешни времиња за лекување на сите болести. Постојат многу билки и намирници кои во комбинација или одделно делуваат превентивно и лековито за сите болести.

Народната медицина ја користеле сите народи уште пред да се создадат аптекарските лекови. Луѓето се снаоѓале и правеле разни комбинации од билки кои ги користеле за надворешна употреба како облоги, лекување и преврзување на ра-ни, но и за внатрешна употреба за лекување на стомачни, срцеви проблеми, нер-вни состојби..

Зелката може да помогне за одржување на здравјето на срцето

Зелката во својот состав содржи компоненти наречени антоцијанини. Овие пигменти кои претставуваат флавоноиди, го даваат специфичниот вкус на овој зеленчук. Зелката содржи 36 различни видови на вакви моќни антоцијанини. Воспалителните процеси се зголемувачи на ризикот од срцеви заболувања, а позитивниот ефект на антоцијанините се должи токму на нивното антиоксидативно дејство.

Може да помогне и во намалувањето на нивото на холестерол во кр-вта

Покачени нивоа во кр-вта можат да водат до зголемен ризик од развивање на различни заболувања, најчесто кардиоваскуларни заболувања. Зелката содржи две супстанции кои покажуваат снижувачки својства во однос на нивоата на „лошиот”, LDL холестерол во кр-вта. Тие две компоненти се растворливите растителни влакна и фитостеролите.

Нутритивниот состав на компирот е особено корисен и здрав и затоа компирот треба често да се консумира. Компирот има богат нутритивен состав. Во компирот, вклучително и лушпата се содржи протеини, јаглехидрати, растителни влакна, натриум, витамин Ц, Б6, калиум, манган, магнезиум, ниацин, витамин Б9.

Начинот на приготвување, исто така влијае на нутритивниот состав на компирите. Имајќи предвид дека поголемиот дел од растителните влакна и минерали се наоѓаат во лушпата, лупењето на компирите го намалува процентот на овие нутриенти.

Пржењето на компирите значително ја зголемува калориската вредност поради впиеното масло од компирите, но се создаваат и компоненти кои можат да бидат штет-ни за здравјето. Компирите се природно безглутенска храна, што е значајно за луѓето со целијакија.

Компирите содржат антиоксиданти

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички “от-пад”. Ваквиот от-пад е силно реак-тивен, па може да предизвика оксидативен с трес, односно да ги оште-ти различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите.

Спречувањето на оксидативниот с трес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер..

Компирите се добар извор на антиоксиданти, вклучително и некои специфични типови како што се флавоноидите, каротеноидите и феноличната киселина. Студиите покажуваат дека обоените компири имаат уште подобар антиоксидативен ефект од обичните.

Растителни влакна, недигестибилен скроб и регулирање на шеќерот во кр-вта

Недигестибилниот скроб е тип на скроб кој не може да биде дигестиран во тенкото црево. Наместо ова, тој само минува низ него во дебелото црево каде што ја храни корисната цревна микрофлора.

Цревната микрофлора потоа ваквиот скроб го претвора во кратко-верижни масни киселини, најчесто битрат. Научните студии покажуваат дека ваквиот скроб може да го намали хроничното воспаление во дебелото црево и да го намали ризикот од канцер на дебело црево.

Компирот содржи поголем процент на ваков скроб, а варениот, па потоа изладен компир, содржи поголеми количини од него. Недигестибилниот скроб според повеќе студии покажува својства на регулирање на шеќерот во крвта, зголемување на инсулинската сензивиност, а промовира и чувство на ситост.

Правилната подготовка на компирите, односно термичкиот третман, овозможува неутрализирање на антинутриентите и уни-штување на потенцијално присутните бактерии. Антинутриентите може да предизвикаат попречување на правилната апсорпција на некои хранливи компоненти на компирот, но и на остатата консумирана храна.

Старата формула за ослободување од висока температура, која ја применуваат сите што не сакаат лекови, потребни се рендани компири и комовица. На стапалата на пациентот се ставаат рендан компир и се ставаат чорапи натопени во ракија.

Оваа газа ја намалува температурата и мора да се менува на неколку часа. Кога белите дробови и бронхиите се оште-тени, тогаш помагаат лисјата од зелка. Ставете го овој зеленчук на градите и крпа над зелката.

Облогата се менува во текот на ноќта. Волшебната зелка исто така може да го елиминира отокот на колената или зглобовите. Ако некое лице случајно го повреди зглобот и му отече ногата, лисјата на овој зеленчук можат ефикасно да го намалат отокот.

Оние кои се склони кон чирови на кожата знаат колкава може да биде б олката. Б олните воспаленија обично се третираат со таканаречената црна маст, а оние кои не сакаат да одат во аптека, спасот можат да го најдат во фрижидерот. Потребно е да се исече парче свеж црвен домат и да се стави на болното место.

За исе-котини и греб-натини, кр-вавењето може да се запре не помалку и не повеќе од мелена пиперка. Треба да нанесете малку од овој зачин на повре-деното место и кр-вта ќе престане да тече.

Рецептот на Клеопатра

Се верува дека корените на традиционалната медицина потекнуваат од Ки-на, но дека сите земји во светот отсекогаш имале свои методи на лекување. Ки-неската традиционална медицина се практикува повеќе од 2.000 години.

Ки-незите користат билки и еликсири за лекување на сè, од обична настинка до посериозни болести. Дури и во времето на антички Египет, Клеопатра имала неколку рецепти за лекување на алопеција. Таа тврди дека пациентот треба да земе пет зрна житарици, да ги исечка и да ги испече во рерна, а потоа да ги нанесе на скалпот.

Лек за очи

Викинзите и северните народи имале и некои рецепти со кои ги лекуваа болните за време на бит-ките. На отечените очни капаци се нанесува мешавина од сечкан лук и праз. Овој лек се користел за да се спречи инфекцијата, се нанесува облога од овие две намирници и се држи 30 минути.

Лукот се користи во народната медицина повеќе од 5.000 години. Се користи за ​​намалување на холестеролот, зајакнување на имунитетот и забрзување на метаболизмот, регулирање на кр-вниот притисок, против астма, хроничен синузитис, сезонски алергии, гастритис и воспаленија. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска